brusnica-sok

Сертифицираната нутритивна терапевтка Syeda Kiran Zahra Hussain открила интересен рецепт за вкусен и здрав пијалок кој е вистинска бомба од витамини,минерали и антиоксиданси кои се добродојдени на сечие мени. Посебно се препорачува на луѓе кои имаат проблеми со тироидната жлезда, бидејќи неговите состојки ја стимулираат работата на тироидната жлезда.Еве како да го подготвите овој вкусен  а пред се здрав напиток.

Состојки:

– 7 чаши вода

– 1 чаша 100% сок од брусница

– ¼  лажиче сув  или свеж ѓумбир

– ½  лажиче цимет

– ¼ лажиче мускатно оревче

– ¾ чаша свеж сок од портокал

– ¼ чаша свеж сок од лимон

Подготовка:

Загрејте вода и пред да зоврие додадете го сокот од брусница, потоа додадете ги зачините и оставете ја да поврие на ниска температура околу 20 мин. Кога ќе се олади до степен на собна температура додате го сокот од лимон и портокал. Оваа количина е предвидена за еден ден.

Во што е тајната?

Брусниците се одличен извор на јод, што е од суштинско значење на тироидната жлезда, а токму брусницата содржи дури до 400 mcg и преставува еден од најдобрите извори на јод. Соодветен внес на јод, помага за детоксикација на телото, го регулира метаболизмот, растот и развојот.

Ѓумбирот е моментално доста популарен лековит зачин и тоа со оправдани причини, бидејќи навистина делува.Тоа го вклучува и благотворното делување на штитната жлезда. Содржи магнезиум кој се покажа како клучен во контролата на болести на тироидната жлезда. Покрај тоа делува и анти-воспалително бидејќи помага и против воспалителни процеси поврзани со хипотироидизам.

Циметот е многу корисен лек за тироидната жлезда.Содржи екстракт кој игра важна анти-воспалителна улога во потикнувањето нанивото на изразување на mRNA во областа на проинфламаторните цитокини. Лаички, медицинската употреба на циметот може да игра важна улога во терапијата на бавната работа на тироидната жлезда. Покрај тоа , циметот дејствува против воспаленија и ја намалува инсулинската резистенција која е тесно поврзана со Базедовата болест.

Морското оревче е го подигнува на расположението,се користи како седатив и го стимулира метаболизмот.

Сокот од портокал е богат извор на витамин Ц,кој е од суштинско значење за многу процеси во телото.Содржи  идеален сооднос фруктоза и гликоза и минерали – магнезиум и калиум. Позитивно делува на тироидната жлезда и ја зголемува глукуронската киселина која се врзува и ги елеминира токсините од телото и помага во правилната функција на хормоните.

Ја почитува здравата исхрана,посебно овошјето и зеленчукот,љубител на животни,верува во љубов,омилено место за живеење Париз