Во Европа најголема побарувачка за циметот настанала во средниот век, кога тој станал основен производ за тргување помеѓу Блискиот исток и Европа. Неговиот егзотичен вкус го освоил целиот свет, но во прв план доаѓаат неговите многубројни лековити својства.

Денес, може да се каже дека се работи за идеална комбинација на одличен зачин и природен лек. Во нашите краеви малку е познато користењето на маслото од цимет, како и дека постојат два вида од него. Со оглед на тоа што во денешно време алтернативната медицина е многу напредната, ова масло може да се подготви и во домашни услови.

 

Потребно е:

неколку стапчиња цимет
чисто маслиново масло (рафинирано)

Стапчињата цимет се ставаат во тегла и се прелеваат со маслиновото масло, така што да бидат целосно покриени. Теглата добро се затвора и се остава на собна температура 3 недели. Секој ден добро се протресува, а по трите недели се процедува низ газа и се става во потемна стаклена тегла. Вака подготвеното масло од цимет е подготвено за употреба. Бројот на стапчиња се одредува призволно, но најдобро е теглата да биде добро наполнета (најмалку 5 – 6 стапчиња на половина литар масло). Колку повеќе стапчиња, толку подобро. Ако не можете да најдете стапчиња, може да се користи и цимет во прав во сразмер 1:5 во однос на маслото (100 грама цимет во прав на половина литар масло). Сепак, препорачливо е да се користат стапчиња цимет, бидејќи правот со самото мелење и долготрајно стоење губи многу од своите лековити својства.

Маслото од цимет е вистински еликсир за здравјето, како за внатрешна, така и за надворешна употреба. Тоа е силен антиоксиданс кој спречува оштетувања и ги штити клетките од слободните радикали, кои предизвикуваат најтешки болести и стареење на организмот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина