Можеби се потешки за фаќање и ги измачуваат своите мајки, но децата родени од постари мајки се и многу поздрави. Резултатите од едно истражување е во спротивност со досегашното мислење, според кое најдобро е првото дете да се роди во раната младост, односно помеѓу 20 и 24 година од животот. Децата на постари жени имаат помала веројатност да доживејат несреќа, да бидат дебели или да им биде потребна болничка нега. Овие деца исто така ќе развијат поширок вокабулар во рана возраст и ќе дадат подобри резултати на тестовите за интелигенција до петтата година. Истражувањето, претставено на конференцијата за здравје во организација на Ројал Колеџот во Глазгов, е ретка добра вест за се поголемиот број жени кои го одложуваат мајчинството за подоцнежни години.

Претходните студии ја истакнуваа растечката стапка на неплодност кај жените и поголемиот ризик за развој на дијабетес и прееклампсија. Научниците од Институтот за детско здравје на лондонскиот Универзитет тврдат дека нивните откритија покажуваат дека постарите мајки можат да бидат подобри родители. Доктор Алистер Сатклиф вели дека негативниот публицитет поврзан со порастот на бројот на постарите мајки е донесен врз основа на физичките ризици од бременоста и породувањето. Доктор Сатклиф вели дека постарите мајки подобро ги воочуваат и ги одбегнуваат потенцијално ризичните ситуации. Ова истражување исто така ги проверувало резултатите поврзани со родителските вештини, вклучувајќи ги вокабуларот, идентификацијата на сликите и облиците како и развојот на коефициентот на интелигенција. Резултатите покажале поголема способност кај децата родени од постари мајки, иако е земен во обзир и општествениот статус. Постарите мајки имаат подобри родителски вештини, помалку се импулсивни, посмирени се и имаат поголемо животно искуство, поради што се подобро оспособени за улогата на мајки.

Оние жени кои за првпат родиле помеѓу 25 и 35 години, по четириесеттата биле во просек поздрави од оние кои своето прво дете го родиле во тинејџерските години, помеѓу 15 и 19 година или помеѓу 20 и 24 година, тврдат американските научници, кои го спровеле истражувањето врз 3500 американски државјанки.

Водителката на истражувањето, Кристи Вилијамс, професорка по психологија и социологија на Универзитетот во Охајо, и нејзините сонародници, истакнуваат дека резултатите ги темелат врз анализа на податоците добиени од испитувањето направено врз 3500 жени родени во САД во раните шеесетти години од минатиот век и фактот што некои причини се од тогаш изменети. Сите учеснички во ова истражување имале родено во периодот помеѓу нивната 15 и 35 година од животот, а прашалник за нивната здравствена состојба потполнувале секоја година или на секои две години во периодот од 1979 до 2008 година. Стручњаците ја споредиле здравствената состојба на испитаничките во нивната средна животна доба и утврдиле дека здравствената состојба на оние кои родиле за првпат помеѓу 25 и 35 година е подобра одошто кај првата група прворотки. Вилијамс истакнува дека резултатите од истражувањето се во спротивност со досегашното врежано мислење според кое првото дете најдобро е да се роди во раната младост, односно помеѓу 20 и 24 година од животот. Според тоа истражување, здравјето на жените кои за време и по првото мајчинство биле во брак се покажало како поквалитетно во средното животно доба, што не важи и за самохраните мајки.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина