Ако почесто се зборува дека рафинираното ,,бело брашно,, од сите познати витамини и минерали содржи само скроб (кој не припаѓа во ниту една од наведените категории) можеби житарките од цели зрна побрзо ќе се вратат во секојдневната исхрана. А колку побрзо, толку е подобро за нашето здравје. Зошто интегралните житарки се толку важни за здравјето? Поради тоа што изобилуваат со многу важни минерали, витамини, влакна и корисни масти. Така, добро информираните нутриционисти советуваат по 3 порции интегрални житарки на ден, што ќе го намали настанувањето на некои од најсериозните и најраспространетите болести, како што се високиот крвен притисок, повишениот холестерол во крвта, дијабетесот, ракот (на желудник, дебело црево и простата). Овој вид на намирници исто така може да помогне и при одржувањето на оптималната телесна тежина. Поради големото количество на влакна долго време даваат чувство на ситост, а благодарение на сложените јагленохидрати доаѓа до побрзо согорување на калориите.

Освен влакна, кои се корисни за варењето, и сложените јагленохидрати, интегралните житарки, во зависност од видот, содржат од 7 до 14% протеини, разни минерали (магнезиум, цинк, железо, селен…), витамини (А, Б, Е…), белковини, фолна киселина, завидна количина антиоксиданси… Низ историјата, најупотребувани житарки во исхраната и на луѓето и на животните се пченката, пченицата, оризот, јачменот, ржот и просото.

Јачмен се вбројува во најстарите растенија употребувани во човековата исхрана. Оваа житарка е исклучително хранлива, бидејќи изобилува со квалитетни материи, како што се протеини, влакна, сложени јагленоходрати, минерали (железо, калциум, калиум, силициум), и витамини (Б1, Б2, Б5, А). Секако, содржи и скроб и глутен. Јачменот ги прочистува крвните садови, делува поволно на коскената маса, го поттикнува излачувањето на течностите. Користен е во исхраната на доилките, бидејќи го стимулира создавањето на млекото.

Пченка на прво место содржи голема количина скроб, но има и растителни влакна, протеини, јагленохидрати, белковини, бета каротен, незаситени масни киселини, фолна киселина, минерали (железо, магнезиум, калиум, фосфор, цинк, манган), витамини (А, Е, Ц, К, Б1, Б5, Б12). Пченката делува поволно на мускулната и на коскената маса, потоа на бубрезите и црниот дроб, го крепи организмот, ја ублажува напнатоста и ги прочистува цревата. Не содржи глутен.

Пченица Целото зрно од пченицата е вистинско природно богатство кога се работи за исхраната. Верувале или не, таа е сама по себе доволна за здрав опстанок на човечкиот организам. Интегралното зрно на пченицата содржи 71% јагленохидрати, 13% протеини и 2,5% растителни масти. Што се однесува до минералите, тука се селенот, фосфорот, магнезиумот, манганот, цинкот, железото, калзиумот у калиумот, од витамините Е, Б, бета каротен – провитамин на витаминот А. Освен тоа, оваа житарка содржи и пантотеноска киселина и фолна киселина, ниацин, тиамин и пиридоксин. Пченицата помага кај опстипација, настанок на хемороиди и рак на дебелото црево. Содржи глутен.

Рж најбогат е со манган, па е корисен за здраво функционирање на нервниот систем. Освен тоа, штити и од слободните радикали. Богат е со витамини од Б – групата, но има и пантотенонска киселина, тиамин, ниацин и рибофлавин. Позитивно влијае при регулирање на крвниот притисок и за правилна работа на штитната жлезда. Содржи глутен, но многу малку.

Ориз интегралниот ориз во својот состав има есенцијални аминокиселини, влакна, магнезиум, калиум, калциум, селен, цинк, манган, сулфур, витамини Е и Б, протеини и масни киселини. Спаѓа во релативно здрава намирница, која дава енергија и го јакне организмот. Се препорачува во исхраната на дијабетичарите, бидејќи не го зголемува нивото на шеќер во крвта. Влијае позитивно на мускулите и на централниот нервен систем и го спречува настанувањето на камења во бубрезите. Не содржи глутен.

Просо е богат извор на протеини, витамин А и витамин Б. Од минералите содржи магнезиум, железо и фосфор. Делува благопријатно на системот за варење, го јакне имунолошкиот систем и е одличен за здравјето на забите. Не содржи глутен.

Напомена: Употребата на интегралните житарки во исхраната дава можност за подготовка на широк асортиман на јадења. Треба само да знаете дека истите треба да отстојат во вода еден ден пред употреба . Така правилно е се подготват. Ако не бидат правилно подготвени, можат да го отежнат варењето и да ја попречат апсорпцијата на одредени минерали во организмот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина