Магнезиум сулфатот, односно горката сол, има неверојатно лековито дејство за кожата, помага кај болки во мускулите и тегоби во стомакот. Тешко е да се поверува дека обичен минерал може толку многу. Хидратизираниот магнезиум сулфат, познат и како епсомит (епсом соли), популарен е по тоа што помага при се.

 

Горката сол, меѓу другото, е популарна по тоа што се додава во водата за капење: за да се намали стресот, омекне кожата и да се ублажат болките. Со примена на горка сол успешно се лекуваат акни, брадавици и жуљеви, сува кожа и непријатен мирис на нозете.

 

Еве за што се друго е одлична горката сол:

 

  • непријатен мирис на нозете
  • хемороиди
  • грчеви во мускулите
  • дерматофитоза
  • појасест херпес

 

Магнезиум сулфатот може да се најде на секое место каде испарува минерална или морска вода. Името епсом соли или епсомит доаѓа од минералниот извор во местото Епсома, кое се наоѓа во англиската покраина Сари. Не многу одамна им се давал на луѓето на пролет како лаксатив кој требал да го исчисти телото од отрови кои наводно се натрупале во текот на зимата.

 

Една од причините за тоа е најверојатно фактот што магнезиум сулфатот има лаксативно дејство. До пред неколку децении, кога куповните лаксативи го пронашле своето место на полиците од аптеките, магнезиум сулфатот бил популарно средство за редовна столица.

 

Како активна состојка на магнезиум хидроксидот, магнезиум сулфатот е лаксатив на база на соли: магнезиумот ги извлекува течностите од крвта и ги носи во цревото, со што се омекнува столицата и истовремено предизвикува грчење на цревата, кое го поттикнува работењето на столицата. Некои луѓе се уште за олеснување на запекот земаат една или две лажички магнезиум сулфат растворен во чаша вода.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина