Колку пати сте држеле ригорозна диета и без разлика што строго сте се придржувале до неа, сепак немало резултати? Областите во кои сте сакале да ги отстраните масните наслаги останале исти. Не може сè да се реши со ограничување на внесувањето на калории. Но со помош на хормоните може да влијаете на деловите каде салото тврдоглаво се задржува.

Навиките кои ги имаме, количината на стрес и квалитетот на спиење ги одредуваат нивоата на одредени хормони.

 Авторот на книгата “Целете кон местата на масни наслаги” („Target Your Fat Spots“) – Мак Томлинсон откри дека со следење на нивоата на хормоните може да ги остраните масните наслаги од одредени делови од телото.

Тој вели дека во последните неколку години излечил илјадници свои пациенти преку овој метод. На пример, жените со високо ниво на естроген имаат повеќе масти во бутовите и задникот. Хормоните се тие кои влијаат врз производството на масти во телото – а ова е често и кај самиот процес на стареење.

 Ова се неговите совети за отстранување на масните наслаги од одредени делови од телото.

Масни наслаги на грбот и во областа на градите

Причина – премалку тироксин

Виновници за салото во областа на грбот и градите се спорните тироидни жлезди – оваа состојба е позната како хипотиреоза и се јавува кај секоја тринаесетта жена. Жлездите во тој случај не произведуваат доволно тироксин кој влијае на согорувањето на калории. Други последици на неадекватната работа на тироидната жлезда вклучуваат чувство на студ, умор и слаба концентрација.

Што да направите – Направете крвна анализа и доколку имате ниско ниво на тироидни хормони можеби ќе ви бидат препишани тироидни таблети. Производството на тироидни хормони можете да го поттикнете и внесувајќи храна богата со јод, која е важна компонента на тироксинот.

Масни наслаги на колковите

Причина– премногу инсулин

За масните наслаги во областа на колковите виновник може да биде отпорноста на инсулин- при што клетките во телото не реагираат на шеќерот на соодветен начин. Телото започнува да произведува и дополнителен инсулин за да се изедначи со количината на шеќер и во текот на еден подолг период чувствителноста на телото на овој хормон се намалува. Оваа состојба му претходи на дијабетисот тип 2 и е поврзано со дебелината. Жените можат да развијат отпорност на инсулин со прекумерно јадење на слатки нешта.

Што да направите – Намалете го внесот на шеќер и бел леб, ориз и тестенини и внесувајте цели житарки кои помагаат во регулирањето на нивото на шеќер. Јадењето на храна богата со влакна може исто така да помогне во стабилизирањето на шеќерот во крвта. Се покажало дека циметот го подобрува функционирањето на инсулинот и може да го намали нивото на шеќер во крвта. Истражувачите од Универзитетот Кембриџ го поврзале недостатокот на хром со отпорноста на инсулин и дијабетис тип 2.

Сало на рацете

 Причина – Недоволно тестостерон

 Жените најмногу го мразат салото на рацете, а за него е најчесто одговорен машкиот хормон, тестостерон, кој и жените го произведуваат. Тестостеронот е неопходен за да може да се изгради мускулна маса.

 Што да направите : Нивото на тестостерон кај жените природно се намалува со возраста, но одредени намирници може да го повратат балансот. Треба да внесете голем број на “добри” масти кои се наоѓаат во лососот, авокадото и семињата, и да избегнувате заситени масти кои се наоѓаат во црвеното месо и полномасните млечни производи. Флавоноидите се исто така корисни – тие можат да се најдат во семето од лен, јаболката, боровинките и другите бобинки, кромидот, сојата и зелениот чај. Ресвератрол, полифенолот кој се наоѓа во виното, исто така може да биде од помош. Неактивноста, исто така, влијае на падот на нивото на тестостерон, па затоа бидете физички активни. И сексот е корисен – го стимулира производството на тестостерон.

Масни наслаги околу бутовите

 Причина – Премногу естроген

 Масните наслаги на задникот и бутовите може да бидат знак за зголемено ниво на естроген .

 Што да направите – Одредени лекови може да го зголемат нивото на естроген , па затоа збиорувајте со вашиот лекар за промена на лековите доколку е тоа случај и кај вас. Јадете зелка и брокула, бидејќи тие содржат микронутриенти кои помагаат во регулирањето на ензимите кои ги прозведува црниот дроб . Други хранливи материи кои се добри за регулирање на нивото на естроген се сојата и лененото семе. Пијте помалку алкохол, лекови против болки и кафе и се јадете помалку месни преработки.

 Сало околу стомакот

 Причина – Премногу кортизол

 Масните наслаги во пределот на стомакот може да бидат знак за прекумерно производство на кортизол, хормон на стресот. Овој хормон главно се произведува кога сте под стрес и кога треба да реагирате во одредена ситуација. Кортизолот го зголемува нивото на масти и шеќери во крвта за да ви помогне да се справите со стресот . Ако немате некоја физичка активност, целата таа енергија во форма на масти и шеќер нема каде да оди. Затоа, се таложи во форма на масти.

Што да направите – откријте ја причината за вашиот стрес и обидете се да ги избалансирате одговорите на хормоните. Јадете почесто помали количини на храна за да бидете во можност да ги контролирате флуктуациите на шеќерот во крвта – што ќе го контролира и ослободувањето на кортизол. Од друга страна , немојте да претерувате со вежбањето. Една студија покажала дека ако вежбате подолго од 45 минути, можете да го зголемите нивото на масти во околу стомакот, бидејќи кортизолот може да се ослободи поради стресот предизвикан од вежбањето.

 Масни наслаги околу глуждовите

 Причина –Недоволно хормони за раст

 Во едно истражување, се открило дека таложењето на масните наслоги околу глуждовите се должи на недостатокот на хормонот за раст, кој се произведува во текот на ноќта за време на спиењето .

 Што да направите – Бидејќи хормонот за раст се ослободува само во текот на длабокиот сон, ќе мора да го отстраните се она што може да ви пречи за време на спиењето. Како место за спиење нека ви служи исклучиво само спалната соба. Сите уреди во спалната соба изгасете ги или отстранете ги од неа . Секогаш будете се во исто време за да го наместите телесниот часовник.