Секој кој работи во канцеларија треба да ја применува вежбата која се нарекува јога чучнување, а трае само една минута.

Еве како се прави оваа вежба.

Стапалата со целата должина се поставени на подот.

Петите се свртени една кон друга, а прстите лесно се отворени кон надвор.

Петите се оддалечени една од друга во должина од две дланки или помалку.

Колената се раширени.

Задникот е спуштен колку што може повеќе кон подот.

Грбот е прав и издолжен.

Главата е во продолжение на рбетот.

Погледот е насочен право или во точката помеѓу веѓите.

Лактите се поставени така што да ја допираат внатрешната страна на колената.

Со лактите се турка и се отвораат колената.

Внатрешната страна на бутовите се притиска кон страничната страна на трупот.

Дланките се споени во пределот на градите.

– Во оваа положба, задолжително мора да грбот да се држи рамен

Доколку долго седите, направете пауза и правете ја оваа вежба на секој час. Ќе забележите неверојатни резултати.

joga-cucanj1

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина