hrana_naslovna

Коефициентот на интелегенција говори за тоа во која мера сме способни да учиме, да се прилагодуваме и да го разбереме светот околу нас. Постојат многу различни фактори кои можат да влијаат на висината на коефициентот на интелегенција, а еден од нив е и исхраната. Еве некои намирници кои можат да помогнат да се зголеми коефициентот на интелегенција.

Ореви

Во едно истражување на Универзитетот Тафтс докажано е дека во 29 грама ореви се содржат 2,6 грама омега-3 масни киселини, а една лажичка ореово масло се содржи 1,4 грама полинезаситени масти. И едното и другото се масти кои ги немаме во телото, туку мораме да ги внесуваме преку исхраната, а придонесуваат за подобрување на меморијата.

Меко варени јајца

Ова е најдобра , а воедно и најевтина исклучително нутритивна намирница многу важна за развојот на IQ. Меко варените јајца содржат протеини и здрави масти кои се клучни за развојот на мозочните функции, особено кај помладите. Што пократко ги варите јајцата, неговите нутритивни вредности се се поголеми, но со тоа доаѓа и ризикот од салмонела и некои други болести…. Особено корисни се жолчките од јајце, бидејќи содржат холин, здрава супстанца која му е потребна на мозокот да се намали ризикот од Алцхајмерова болест и други болести поврзани со менталните недостатоци. Други извори на холин се семките и кикириките.

Антиоксиданси

Тие имаат функција на одбрана на вашето тело од слободните радикали, што резултира со подобрување на логичкото резонирање. Намирниците кои ги содржат овие антиоксиданси се зелениот чај, гравот, артичоката. Гравот е познат по тоа што го подобрува помнењето и ги намалува проблемите со расположението.

Боровница

Освен што се многу вкусни, боровниците позитивно влијаат на здравјето на мозокот. Содржат широк спектар на фитохемикалии кои се директно поврзани со развојот и растот на мозокот. Некои истражувања дури покажале дека го забавуваат стареењето на мозокот.

Други добри овошја од овој вид се малините и јагодите. Малините го подобруваат помнењето, рамнотежата и координацијата. Јагодите го подобруваат учењето и моторичките способности, бидејќи му обезбедуваат на мозокот добра доза на витамин Ц. Сувото грозје, пак, му помага на мозокот за да се опушти и ги намалува главоболките и мигрените.

Авокадо

Околу 40 % од ова овошје содржи масло од олеинска киселина која е мононезаситена маст. Мозочните ќелии се заштитени со миелинската обвибка која ја регенерираат мононезаситените масти. Тоа е важно бидејќи оштетувањата на обвивката ги намалуваат когнитивните способности.

Риба

Рибата е многу богата со омега-3 масните киселини. Сардината, лососот и пастрмката ги содржат во облик на киселини кои веќе постојат во нашиот мозок, па со консумацијата на риба дополнително ги обновуваме. Овие киселини воопшто ја подобруваат меморијата и функцијата на мозокот.

Зелен зеленчук

Освен што е добар за здравјето на срцето, зелениот зеленчук е благотворен и за мозокот. Овој вид на зеленчук е богат извор на витамин Е, кој е клучен за здравјето на мозокот. Витаминот Е го смалува ризикот од Алцхајмерова болест. Освен зелениот зеленчук, најмногу витамин Е содржат кивите и мешункастите плодови.

Појадок

Најважниот оброк во текот на денот- појадокот е изклучително важен и за нормалната работа на мозокот. Истражувањата покажуваат дека појадокот сочинет од свежи и здрави намирници помага во подобрување на креативноста и концентрацијата