Состојки:

 

  • 220 гр. ореви
  • 180 гр. урми
  • прстофат сол
  • 300 гр. индиски ореви
  • 100 гр. кокосово масло
  • 140 гр. мед
  • едно стапче ванила
  • 100 мл. лимонов сок
  • 170 гр. шумско овошје

 

 

Подготовка:

 

Урмите се оставаат да отстојат во вода дваесеттина минути, за да може да им се извадат семките. Потоа се ситнат заедно со оревите и се обликуваат во хомогена смеса. Оваа смеса се втиснува во калап на кој претходно е ставена проѕирна фолија.

 

Исцедените индиски ореви, семките од ванилата и сокот од лимон треба да се исмешаат со кокосовото масло и медот и од нив да се направи смеса слична на паста.

Малку повеќе од кремата треба да се размачка на подлогата од ореви.

Во преостанатиот дел од кремата се додава шумското овошје и добро се меша со миксер. Оваа крема се нанесува врз пастата. Пред служење тортата треба да отстои неколку часа во ладилник.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина