Морската сол може да регенерира и опушти во стресни периоди. Таа е необично богата со различни состојки. Меѓу осумдесетте различни минерали, елементи во траги, карбонати и сулфати, присутни се во неа и калциумот, калиумот, борот, натриумот, манганот, магнезиумот, јодот, железото и флуорот. Добро е познато дека морската сол влијае врз респираторниот систем, но може да го зајакне и имунолошкиот систем, а тогаш телото станува поотпорно на разни болести како што се грипот, алергиите и слично.

 

Исто така, таа поседува и антисептички и антибактериски ефекти, па така овозможува детоксикација на клетките на кожата апсорбирајќи ги сите отровни материи од нив. После допирот со морска сол, кожата станува мека и здрава. Затоа бањите со морска сол можат да го подобрат тонусот. Ваквите бањи можат да го поттикнат и лачењето на випокот вода од кожата и сврзното ткиво, со што се спречува трупање на течност, па кожата станува поцврста, помазна и поздрава. Редовното консумирање морска сол разматена во вода може значително да го намали нивото на лошиот холестерол во крвта. Исто така, го регулира крвниот притисок и ја нормализира неправилната работа на срцето.

 

Метаболичките нарушувања, како што е на пример дијабетесот, можат успешно да се третираат и лекуваат со морската сол. Поради калиумот во себе, морската сол делува ефикасно кај грчеви. Калциумот, пак, помага во чистење на затнатите пори на кожата.

 

Морската сол е идеална како природен пилинг на кожата, бидејќи нејзината текстура помага во отстранување на горниот слој мртви клетки од неа. Со додавање на морска сол во исхраната може да се одбегне и забави остеопорозата. Таа исто така може да го апсорбира вишокот масти од косата, а е идеална и во борбата со првутот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина