Ако мака мачите со редовното варење, пробајте барем некој од следниве совети, кои им помогнале на многумина.

Чувствувате притисок во цревата и порив за голема нужда, но ништо не се случува, а веќе морате да излезете од дома или од работа? Не грижете се, со овие совети брзо ќе го поттикнете варењето

 

1. Напијте се топол напиток.

 

Кафе, чај или чаша топла вода – која било топла течност помага во оваа ситуација затоа што делува во цревата како вазодилататор т.е. ги проширува крвните садови, го подобрува протокот на крвта и така го поттикнува системот за варење.

 

2. Раздвижете се.

 

Немојте никако да седите и нервозно да рзмислувате за тоа како не можете да одите по голема нужда. Поправете нешто во домот, направете неколку динамични истегнувања, малку чекорете по скалила ако ги имате во близина и едноставно движете се, бидејќи физичката активност исто така ја поттикнува работата на цревата.

 

3. Будете се порано.

 

Ако сакате да го ,,натерате,, системот за варење на голема нужда, дефинитивно мора да станувате порано за да воспоставите рутина во кја ќе биде вклучено и одењето во ВЦ. Не заборавајте дека на телото му е потребно време за да ја свари храната и да го поттикне нејзиното исфрлање.

 

4. Масирајте го перинеумот.

 

Научниците од универзитетот во Лос Анџелес утврдиле дека лесното притискање на перинеумот (група мускули кое го опфаќаат делот околу вагиналниот и аналниот отвор и кои го ,,држат,, стомакот), можат да ја омекнат столицата. Затоа со лесна масажа на овој дел од телото можете да го поттикнете варењето во случај на потежок запек, кога не помага ниеден од горенаведените совети.

 

5. Јадете храна богата со многу влакна.

 

Во исхраната на секојдневна база воведувајте намирници кои изобилуваат со влакна, бидејќи значително го помагаат варењето. Цели житарки, јаткасти плодови и трици можат да бидат идеален избор за наутро. Додадете за ручек брокула, тиквички, зелен лисјест зеленчук и мешунки, a за десерт јадете јаболки и круп со кора, бидејќи во неа има најмногу влакна.

 

6. Јога поза Aрда-Матсиендрасана (свртување на рбетот во седечка положба).

 

Прво клекнете и потоа полека спуштете се односно седнете на подот од десната страна на стапалата. Потоа левата нога и левото стапало ставете ги од надворешната страна на десното колено, a со десната рака допрете го левото колено. Оваа положба го стимулира комплетниот систем за варење и им помага на цревата да се придвижат.

Тагови: црева
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина