Го победи ракот а потоа трчаше маратон
Harriette Thompson е 91 годишен пензионер,кој на 76 год трчаше на San Diego Rock ‘n’ Roll маратонот.Тоа и беше нејзиниот прв маратон, и од тогаш има трчано уште неверојатни 14 пати.Но во 2012 и беше дијагностициран рак
“Прогнозата беше лоша,докторите не веруваа дека ќе преживеам” вели Harriette.
Но Harriette е вистински борец.Две години подоцно откако закрепна доволно од терапијата се врати на трчањето и реши повторно да се обиде да го истрча маратонот
“Во последните неколку милји ридовите изгледаа како планини, но публиката ми даваше сила да продлжам”, изјави Harriette .
“На крајот не можев да поверувам дека поставив нов рекорд за жени над 90 год. со време од 7:07:42”.
Трчајте за подолг живот
Истражувањата покажаа дека за секој час физичка активност вие го продолжувате животот за 2 часа
Се со мерка
Полека почнете со трчањето.На секоја прошетка додадете по некоја минута џогирање.Како ви се зголемува кондицијата, така ги зголемувајте интервалите на џогирање и намалувајте ги паузите.
Бидете конзистентни
Секој ден бидете физички активни најмалку 30мин:било да е трчање, пешачење или пак вежбање во теретана.
Јадете здраво
Јадете сложени јагленхидрати и протеини со секој оброк за да го одржувате нивото на енергија