Крушата, исто како и јаболкото и дуњата, припаѓа во семејството на розите. Постојат неколку илјадници видови круши, а секој вид има поинаков облик, боја, големина и вкус. Иако од нив се прави многу квалитетна ракија, се користат и за џемови и компоти и како конзервирани овошни производи. Се препорачува што почесто да се консумираат, бидејќи се многу богати со витамини од Б-групата. Овие, пак, му помагаат на организмот да се носи со стресот, бидејќи го ,,хранат,, нервниот систем и учествуваат во процесот на добивање на енергија од јагленохидратите.

 
За тоа дека крушите треба да бидат број еден избор на овошје зборува и фактот што се одличен извор на влакна. Содржат витамини А, Б1, Б2, Ц и Е, фолна киселина и ниацин. Исто така, богат извор се на бакар, фосфор и калиум, а во помали количини содржат калциум, хлор, железо, магнезиум, натриум и сулфур. Освен што природно го регулираат нивото на шеќер во крвта, што ги прави идеална диетална намирница, делуваат превентивно и при болестите на срцето и крвните садови, бидејќи го намалуваат нивото на штетен холестерол и делуваат врз апсорпцијата на жолчните киселини.
Холандските научници утврдиле дека функцијата на белите дробови е најдобра кај оние кои редовно јадат круши (како и јаболки, кои исто така содржат кверцетин). Освен тоа, секојдневното консумирање на ова овошје значително го намалува ризикот од појавата на астма. Освен тоа, интересно е што крушите Вилјамовки содржат големи количини калциум и железо во однос на другото овошје, па се препорачуваат како задолжително овошје во исхраната на жените по 40 – та година од животот.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина