Дали сте во можност секојдневно да одделите по петнаесет минути за да го затегнете и активирате целото тело? Ако одговорот е позитивен, направете го следново – започнете тренинг го една минута загревање (скокови , трчање во место или прескокнување јаже), па почнете со следниве вежби. Иако тренингот трае по петнаесет минути, добиените резултати се и повеќе од добри.

 

Чучнувања под оптоварување

 

 

Застанете во расчекорен став, во ширина на рамењата. Во секоја рака земете по еден тег и кренете го во висина на рамењата (А). Спуштете се во чучната положба (Б). Задржете се неколку секунди во таа положба и вратете се горе. Направете 20 повторувања.

 

 

Свиткување на трупот кон нанапред

 

 

Застанете во расчекорен став, во ширина на рамењата, и земете по еден тег во рацете. Колената се малку свиткани (А). Колковите турнете ги нанапред и спуштете го горниот дел од телото кон нанапред, истовремено спуштајќи ги теговите се до под колената. Рамењата треба да бидат затегнати и малку да се повлечени кон назад (Б). Вратете се полека во почетната положба. Направете 15 повторувања.

 

 

Кревање тегови над глава

 

 

Застанете во расчекорен став, во ширина на рамењата, земете по еден тег во секоја рака и поставете ги како што е прикажано на сликата (А). Со брзо исфрлање подигнете ги рацете над главата (Б). Задржете се во таа положба неколку секунди и вратете се во почетната положба. Вежбата повторете ја 15 пати.

 

 

Вежба за трицепси

 

 

Легнете на грб, нозете свиткајте ги во колената, а во секоја рака земете по еден тег (А). Свиткувајќи ги рацете во лактите, спуштете ги теговите речиси до челото, така што да образувате буква ,,Л,, (Б). Вратете ги во почетна положба. Направете по 15 повторувања.

 

 

,,Склопка,, – вежба за стомачни

 

 

Легнете на грб, рацете ставете ги зад глава, а колената подигнете ги така што да ги допираат лактите (А). Со лесно движење истовремено испружете ги рацете и нозете, така што да формираат агол од четириесет и пет степени (Б). Вратете се во почетната положба. Правете ја вежбата една минута без прекин.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина