Едно јајце е исто што и пет испушени цигари?
“What the Health” провегански филм навел некои контроверзни тврдења за здравјето на човекот и консумирањето на месо, кои медицинските стручњаци ги отфрлаат. Остварувањето кое се рекламира како ,,филм кој здравствените организации не сакаат да го видат” добил големо внимание од светската јавност. Во него се истражува наводната поврзаност на консумирањето животински производи со низа болести и изнесуваат сензационални тврдења дека само една порција месни преработки дневно го зголемуваат ризикот од добивање дијабетес за 51%, а дека едно јајце на ден е подеднакво штетно како и пет цигари дневно.
Филмот ја преиспитува и праксата на водечките фармацевтски организации и сугерира дека тие профитираат од тоа што инвестираат во месната прехранбена индустрија, која не разболува.
Она што во филмот експлицитно се наведува, а што е важно за дебатата за него, е тоа што делумно го финансира веганската индустрија и што за соговорници има одбрано исклучиво вегани и доктори кои се залагаат за ваквата исхрана.
Научната заедница жестоко го критикувала ова остварување и методот на собирање податоци за месото и болестите. Филмот е наречен “есктремно контоверзен” и “искривување на науката”.
Исто така, студиите покажале дека месните преработки во секојдневната исхрана се поврзани со развојот на дијабетесот во околу 19% од случаите, додека филмоте наведува дека се работи за 51%. Исто така, многуте тврдења за директната поврзаност на месото, млекото и јајцата во исхраната со разните болести всушност не постојат во науката, туку студиите покажале постоење на т.н. “релативен ризик”. Значи, не значи дека секој човек кој јаде преработки всушност добива рак.
Елис Хауард, научник кој со години се занимава со проучување на ракот, смета дека пораката дека луѓето треба да јадат помалку месо, а повеќе овошје и зеленчук, се добри, но дека авторите на филмот претерале.
– Точно е дека исхраната игра важна улога кај некои болести, вклучувајчи ги ракот и дијабетсот, но тврдењата изнесени во филмот се претерани и претставуваат погрешна интерпретација на научните студии – смета таа. – Авторите се потпираат на тоа дека со “факти” ќе ги заплашат гледачите и дека тие потоа нема да и веруваат на научната веродостојност.