Научниците истражувале како вегетаријанската и медитеранската исхрана влијаа врз нашето тело, и еве што откриле. Медитеранската исхрана која содржи маслиново масло и риба, како и вегетаријанската збогатена со млечни производи, подеднакво ја намалуваат количината на триглицеридите, телесната тежина и масното ткиво, а со тоа и ризикот за срцеви болести, покажало едно италијанско истражување.

 

Научниците по случаен избор поделиле 107 дебели возрасни во две групи, од кои едната била на вегетаријанска, а другата на медитеранска исхрана три месеци. По три месеци им ја промениле исхраната. На почеток од истражувањето, сите испитаници јаделе разновидна храна.

 

Испитаниците не добиле одредени цели во поглед на губењето на тежината, но добивале редовни нутриционистички совети за тоа како да го намалат калорискиот внес. Целта на предложеното мени и оброците било намален внес на калории.

 

Без разлика на типот на исхрана, на испитаниците им било советувано од 50% до 55%  калории и да внесуваат во облик на јагленохидрати, 25% до 30% во облик на маснотии и 15% до 20% во облик на белковини.

 

Без разлика на видот на исхрана, испитаниците губеле подеднакво на тежина и на масно ткиво, рекле научниците во трудот објавен во списанието Circulation.

 

Вегетаријанската храна збогатена со јајца и млечни производи резултира со поголемо намалување на т.н. лош ЛДЛ холестерол, додека медитеранската била поврзана со поголемо намалување на триглицеридите и показателите за воспаленија.

 

Според водичот на ова истражување, Франческо Софи, од Универзитетот во Фиренца и болницата Кареги, досегашните истражувања не ги споредувале вегетаријанската и медитеранската исхрана. Ова е прва студија чија цел е да се споредат две исхрани во иста група на испитаници кои се хранат разновидно.

 

Поуката е дека вегетаријанската исхрана е збогатена со јајца и млечни производи и е едноставна за подготовка. Покрај тоа, нема никакви пропратни здравствени проблеми. Тоа помага да се намалат некои фактори со васкуларен ризик подеднакво добро како и кај медитеранската исхрана.

 

Медитеранската исхрана вообичаено се состои од многу риба, овошје и зеленчук, интегрални житарки, мешунки и маслиново масло, како и немасни извори на белковини. Вегетаријанците исто така јадат овошје, зеленчук, интегрални житарки, јајца и млечни производи. Во споредба со поранешните навики, испитаниците од двете групи значително го намалиле вносто на калории, како и на вкупните маснтии и заситени масти. Кај вегетаријанската исхрана значително се намалува ЛДЛ холестеролот штo e попознат како лош холестерол, кој се собира на клетките на крвните садови и доведува до создавање на грутчиња и затнување на крвните садови. Тоа може и да се очекува, бидејќи кај повеќето извор е ЛДЛ месото.

 

Поголемото намалување на триглицеридите или масните киселини со медитеранска исхрана исто така е очекувано, бидејќи е познато дека комбинацијата од медитеранско масло и сложени јагленохидрати од овошјето и зеленчукот кој се темелот на оваа исхрана ги намалуваат триглицеридите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина