Миризливата дуња, со латинско име Cydonia oblonga, служи како симбол на плодноста уште од прастари времиња. Малку е, на пример, познато, дека португалскиот збор за мармалад потекнува од името за дуња – мармелеиро. Имено, мармаладот најпрво се правел од дуњи. На дуњата не треба да се гледа само како ка украсно овошје, туку и како на лек и на здрав есенски десерт.

Состав и лековитост на дуњата

Плодот на дуњата расте на истоименото стебло со средна големина, која достига висина помеѓу 2,5 и 4 метри. Розово-белите цветови од плодот цветаат на пролет, кои подоцна се развиваат во златно-жолти плодови. Сезоната на берење на дуњата започнува во септември. Плодот на дуњата по облик е крушковиден, но е малку поголем и понерамен, со покус врат.

Дуњата е нискокалорично овошје. Во 100 грама има само 57 калории. Изобилува со влакна, ги содржи во себе витамините Ц и витамини од Б-групата, тиамин, рибофлавин и пиридоксин и минералите бакар, железо, калиум и магнезиум. Во некои извори се наведува дека семето од дуњата го содржи во себе и витаминот Б17. За овој витамин многу малку се зборува во службените публикации, додека во алтернативните кругови го сметаат за еден од најлековитите природни лекови во борбата со ракот.

Секојдневното консумирање на дуњи се има покажано како исклучително ефикасно кај туберкулоза, инсуфициенција на црниот дроб, проливи, дизентерија, чир на желудникот и болести на очите. Високата количина на диетални влакна помага во слабеењето. Кај проблеми со цревата или желудникот нема подобар лек од компотот од дуњи. Сокот од дуњи, пак, помага кај дишни, гастроинтестинални и кардиоваскуларни нарушувања. Нејзините антиоксиданси значително го намалуваат ризикот од рак. Тинктурата од дуња (Tinctura Ferri cydoniata), подготвена од сокот од свежи плодови, има моќно лековито дејство против бледило и слабокрвност.

Дуњата можете да се искористи и како освежувач на просторот: едноставно ставете ја онаму каде сакате убаво да ви мириса.

Семе од дуња

Благодарение на високата содржина на слуз, семето од дуња ја негува и хидрира кожата. Тоа го регулира процесот на природно навлажнување, помагајќи и на кожата во задржување на влагата. Поради тоа тоа станува се позастапена состојка во козметичката индустрија. Се препорачува како едно од најдобрите средства за декубитуси, изгореници, испукана кожа, чешање и како облога за воспалени очи.

Чај од семе од дуња

Во оралната примена, чајот од семе од дуња помага во ослободувањето од стрес и несоница. Помага и при воспаление на усната шуплина и грлото и како средство за ублажување на болките.

Се остава една лажичка семе од дуња да отстои преку ноќ во вода. Се загрева пред консумирање и се пијат по три филџани на ден. Истиот овој чај, ама незагреан, се користи кај кожни проблеми, како локално средство.

Лековити својства на дуњата
  • помага при слабеење

  • смирува пролив

  • ја подмладува и хидрира кожата

  • се користи во лекување акни

  • помага при болести на црниот дроб и очите

  • ефикасна е кај анемија

  • корисна е кај болести на цревата и желудникот

  • намалува стрес и помага при несоница

  • нејзиното семе штити од карцином

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина