Науката е на прагот на големо откритие, кое ќе ни помогне да се избориме со најтешките болести на денешницата. Ако успееме да ги разбереме механизмите како да го вклучиме или исклучиме овој ген, сите големи болести набрзо ќе бидат само минато. Најновото медицинско откритие претставува голем чекор напред во лекувањето на најтешките болести. Пронајден е ген кој ќе може во целост да го излекува срцето, па дури и рак.

 

Стручњаците соопштија дека е откриен ген кој влијае на развојот на крвните садови, а тоа е значајно бидејќи може да лекува срцеви заболувања, но и рак. Со попречување на овој ген се спречува раното ширење на развој на крвните садови, а тоа е значајно, бидејќи со негова помош можат да се обноват и оштетените крвни садови.

– Можноста за создавање здрави крвни садови е исклучително важна, бидејќи обезбедува нормален проток на крвта низ целиот организам и прехрана на сите клетки – вели авторот на студијата, професот Стјуарт Кук од британскиот Национален институт за срце и бели дробови.
Ефектите од ова откритие би требале да бидат долгорочно решавање на срцевите проблеми, а ќе биде можнои дури и рак да се лекува.
Раните истражувања се базираа само на тоа да се намали дотокот на крв до туморите за тие да не растат, додека најновата замисла е дотокот на кислород до овие опасни израстоци да се прекине во целост. Тоа би довело до постепено намалување на туморите, а на тој начин ќе може да се третира и ракот.

– Следниот важен чекор е да докажеме дека овој ген е важен и за реконструкација на срцевиот мускул и крвните садови, кои се во директна врска со него – вели доктор Ризван Ахмед, еден од научниците кои учествуваат во овој проект.

Засега ова истражување е спроведено само над глувци и зебрасти рипки.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина