Сивите клетки се билдаат со крстозборки. Секојдневното решавање крстозборки и слични енигматски забавувања му помагаат на мозокот да ја зачува концентрацијата. Се популарни се онлајн крстозборките, кои постојано се на дофат на рацете.

За да не стане мрзлив, мозокот треба постојано да се вежба. Потребни му се постојани задачи и нови задачи, бидејќи рутината ја ,,убива,, виталноста на мозочните функции. Тие поттикнувања можат да бидат нешто сосема едноставно. На пример, десничар да се потпише со лева рака или да закопча копче со левата рака. Вакви ‘brain fitness’ задачи има цела низа и важно е да се изберат и да се вежбаат оние кои најмногу ни се допаѓаат – од решавање крстозборки, ребуси и судока до учење нови знаења, јазици, играње шах, бриџ…

Секојдневно решавање крстозборки и слични енигматски забави му помагата на мозокот да ја зачува концентрацијата. Со стареењето мозокот се потешко ги одделува информациите од разни ,,сензори,, па така, на пример, врева во позадина им оневозможува на старите да се фокусираат на она што го гледаат. За време на истражувањето од страна на Универзитетот Вејк Форест, 23 доброволци еден час на ден решавале крстозборки и други логички задачи, а скенирањето на протокот на крв во мозокот покажало дека секој ден се се подобро концентрирани на задачите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина