Дивото оригано (lat. Origanum vulgare) е повеќегодишно кулинарско и лековито растение. Одамна е препознаено како една од ,,функционалните намирници,, поради своите нутритивни вредности, антиоксидативни својства да спречува многу болести. Растението чие име значи ,,радост на планините,, на грчки, потекнува од медитеранскиот регион.

Дивото оригано е многу популарно во грчката и италијанската кујна. Листовите имаат карактеристичен, ароматичен и благо-горчлив вкус. Интензитетот на вкусот варира – но, диво оригано со добар квалитет е толку силно, што речиси трпне јазикот.

Инаку, дивото оригано е долговечно зелјесто растение – џбун кој расте на сончеви и суви страни. Му припаѓа на семејството на уснички (лат. Lamiaceae). Има исправени цврсти рачки, високи 50 метри, црвенкасто обоени и обраснати со крупни листови. Растението оригано цвета од јули до октомври, а неговите цветови на врвот се собрани во компактни округли цветови, со розово-пупрупна боја, кои имаат пријатна миризба и убав изглед. Ориганото спаѓа во груата на ароматични горчливи, но неотровни дроги. По својот состав и дејство дивото оригано е многу слично со мајчината душица, па растението може да се употреби на истиот начин. Лековиот дел од ориганото се врвовите на гранчињата на врвот, кои се долги 20 см.

Дивото оригано како лек

Дивото оригано содржи импресива листа од хемиски соединенија за кои се знае дека вршат превенција од разни болести и кои го поттикнуваат здравјето. Не содржи холестерол, а претставува богат извор на диетални влакна, кои помагаат во контролата на нивоата холестерол во крвта.

Во својот состав дивото оригано има неколку есенцијални масла, како што се карвакролот, лимонен, тимол, пинен, оцимен и кариофилен. Неговите листови и цветови имаат антисепрично и дејство против грчеви и надуеност. Таа го потикнува лачењето на жолчката (холагог), го поттикнува потењето (диафоретик). Се користи и за искашлување, како стимуланс и се корити и како тоник. Есенцијата од диво оригано се зема орално за лекување настинка, грип, треска, лесни пречки со варењето, стомачни тегоби и болни менструации. Тимолот во него има антибактериски и антигабични активности.

Дивото орегано е богато по полифенолни флавоноиди – антиоксиданси (витамин А, каротен, лутеин, зеаксантин и криптоксантин) и е оценета како едно од растенијата кои имаат најголеми антиоксидативни активности. Ова соединение делува како заштитен собирач на слободните радикали и реактивните видови кислород, кои играат улога во стареењето и во разни патолошки процеси. Покрај тоа, одличен извор е на бројни минерали, како што се калиум, калциум, манган, железо и магнезиум. Калиумот е важна компонента на клетките и телесните течности, која помага во контролата на работата на срцето и крвниот притисок.

Свежото растение е одлиен извор на антиоксидативниот витамин Ц. Овој витамин му помага на организмот да развие отпорност кон инфективните агенси и во исфрлањето на штетните, слободни радикали. Тој е еден од омилените растенија кај народот и се користи и како чај за јакнење, з атретман на болести на дигестивните органи и органите за дишење. Се користи и против разни воспалителни процеси на кожата и слузокожата.

Како лек, дивото оригано се користи како:

  • аналгетик

  • антихелминитик

  • антиревматик

  • антисептик

  • бактерицид

  • антивиротик

  • фунгицид

  • паразитицид

  • карминатив

  • диуретик

  • диафоретик

  • холагог

  • рубефацијанс

  • стимуланс

  • колеритик

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина