Дали е навистина можно да се ослабне со јадење пици и хамбургери?
Што се сте подготвени да жртвувате за да можете да влезете во помал број панталони? Ова можеби звучи како претерано прашање, но докторите се согласуваат дека слабеењето често остава последици од кои потешко ќе се ослободите одошто од вишокот килограми. Како што се ближи летото, така се повеќе размислуваме за линијата и како ќе изгледаме во костим за капење, па затоа внимаваме на секој залак. Но, што ќе кажете на тоа дека е можно да се постигне топ – форма само ако се јадат пици и хамбургери?!
Имено, компанијата „Marks & Spenser“ решила да понуди нов хит – бургер за слабеење! Овој хамбургер содржи само 3% масти и 110 калории, така што може да се ужива во него без грижа на совест. Нивните пици имаат помалку од 470 калории, порциите се мали, но вкусот им е и понатаму фантастичен. Како што е неверојатно овие нови хамбургери и пици да не дебелеат, така постојат и некои ситни нешта кои ќе ви помогнат да ги стопите калориите, без притоа да бидете свесни за тоа. Еве некои од нив.
Стојте на една нога неколку минути, на пример, додека ги миете забите. Тоа ќе ви стопи 40 калории дневно ако забите ги миете двапати на ден.
Правете исчекори по дома додека наутро се подготвувате за на работа. Можеби ќе ви делува малку чудно, но тоа за 10 минути ќе согори 60 калории.
Правете чучнувања додека чекате да ви зоврие водата за кафе и за само 5 минути ќе загубите 50 калории.
Ако не фатите место во автобусот додека одите кон работа или се враќање, стискајте го задникот до 600 пати и ќе загубите 30 калории.
Секогаш качувајте се по скалила, бидејќи за 10 минути се губат 70 калории.
Станувајте од масата на секои 45 минути додека седите во канцеларијата, затоа што е многу важно да бидете во движење преку целиот ден.
Излезете од канцеларијата за време на паузата за ручек. За тие дваесеттина минути прошетка ќе загубите дополнителни 100 калории, а и ќе вдишете чист воздух.
Забрзувајте ги чекорите додека одите и ќе ги дуплирате загубените калории.
Чистете по дома со правосмукалка и за 10 минути ќе загубите 30 калории.
Најдобар начин да согорите 25 калории е да се смеете 15 минути. Можеби ќе добиете и мускули на стомакот?
Кревајте тегчиња додека седите на каучот и гледате ТВ. За само 15 минути ќе загубите 60 калории, а притоа ќе ги затегнете и рацете.
Работете во градината и за половина час ќе исчезнат 125 калории.
За време на ТВ рекламите направете неколку склекови и ќе загубите 50 калории.
Секогаш подготвувајте го ручекот за на работа дома. За 40 минути поминати во сецкање и подготовка ќе се ослободите од 50 калории и притоа ќе се храните здраво.
Правете вежби за нозете во креветот неколку минути пред да станете наутро и ќе заминете на работа со 40 калории помалку.
И додека попат ќе ги правите сите овие ситни нешта, малку – по малку ќе ја дотерате својата линија до совршенство за на плажа и нема да морате притоа да се откажувате од својата омилена храна.


