naslovna-krastavica

Диетата со краставица е идеална за сите оние кои ги мрзи премногу да размислуваат што ќе јадат додека се на диета бидејќи диеталниот план е крајно едноставен: се на се, има неколку намирници кои се консумираат, а самата диета се спроведува во период од десет дена. Исто така, постои и продолжена варијанта на оваа диета од 14 дена, каде што се забележани одлични резултати: губење на дури и 7 килогрми – се разбира во зависност од нивото на физичка активност.

Основа на оваа диета е салатата од краставица која може да се консумира во неограничени количини секој пат кога ќе почувствувате глад. Салатата е богата со хранливи материи и не мора да се грижите дека нешто ќе ви недостасува во текот на овој десетдневен режим. Останати намирници кои можат да се консумираат во текот на денот се:

– 2 варени јајца или 150 гр туна исцедена од маслото или 150 g бело месо печено на скара;

– 2 големи варени компири (може да бидат варени, печени во рерна, но не и пржени во масло) или 3 парчиња интегрален леб;

– 500 грама свежо сезонско овошје.

Од течности дозволено е да се пијат обична вода, чај, а дозволено е дури и кафе (без шеќер). Строго се забранети газирани пијалоци, алкохол и слатки.

Со секој оброк, како и помеѓу оброците – може да се јаде неограничено количество на салата од краставица (рецептот се наоѓа подолу) или да се пие шејк од краставица- значи, секогаш кога ќе ве нападне глад – слободно можете да консумирате салата или шејк од краставица (рецептот е подолу).

Пример на едно дневно мени:

Појадок: 2 тврдо варени јајца + чинија салата од краставица;

Ужинка: 5 сливи или една голема јаболка или праска … или некое друго сезонски овошје во вкупна тежина до 200 г;

Ручек: едно парче интегрален леб + чинија салата од краставица;

Ужинка: шејк од краставица (погледнете го рецептот на крајот од текстот);

Вечера: овошје по избор (до 300g).

krastavica1

Подготовка на салатата од краставица

Салата многу брзо се подготвува и е многу едноставна.

Потребните состојки се:

-400 грама краставица; 2 дл кисело млеко или јогурт (доколку имате домашен кефир може да го ставите – системот за варење ќе ви биде благодарен); сол и, по желба млад лук

Начин на подготовка :

Излупете ја и исечете ја краставицата на многу мали кругчиња. Посолете, малку промешајте за солта правилно да се распореди и прелијте со кисело млеко, јогурт или кефир и повторно сè промешајте. По желба и вкус, додадете и ситно исечкан млад лук и …веднаш сервирајте.

Шејк од краставица

Во блендер ставете: една млада краставица (со целата кора – секако добро измиена), малку добро измиен спанаќ, едно кисело јаболко. Ако сакате, додадете и малку рендан свеж ѓумбир или малку ѓумбир во прав. Добро промешајте, сипајте во чаши и на врвот ставете малку ореви или бадеми. Полека испијте го додека е свежо, бидејќи колку подолго стои – толку повеќе ги губи хранливите материи.

Овој пијалок ќе го снабди вашето тело со изобилство на витамини и минерали, а особено со витамините А и К. Напитокот е исто така богат со растителни влакна, магнезиум, железо, витамини Ц, Е и Б, како и калциум и калиум. Целиот спектар на сите витамини кои ни се потребни, и сето тоа само во една чаша!

Дополнителни напомени

Иако ова е многу едноставна диета, треба да се обрне внимание на квалитетот на намирниците – обидете се да користите само свеж зеленчук и овошје од снабдувач во кој имате доверба.

Умерената физичка активност е значајна работа кај секоја диета, па така и кај оваа, а получасовното брзо одење (тоа е онаа прошетка каде што почнувате да се потите) – значително ќе помогне во елиминацијата на вишокот килограми.