Оваа диета подразбира одбегнување на вечерата, поточно помеѓу последниот оброк во денот и првиот во следниот ден неопходно е да поминат 14 часа. Доколку денот ви почнува околу 08.00 часот, па со самото тоа појадувате во раните утрински часови, треба да завршите со јадење веќе во 16.00 часот. Меѓутоа, ако не сте ранобудници, можете да го поместите последниот оброк во денот за во 18.00 часот.

Сепак, утешително е што до крајот на денот може слободно да се консумираат напитоци како растителни чаеви и лимонади, се разбира без шеќер. Течноста ќе го ублажи чувството на глад, но и ќе му ја пружи на организмот потребната хидратација.

На почеток, оваа диета секако нема да биде лесна, но со тек на време храната во вечерните часови нема да биде потребна. Уште повеќе, се препорачува да легнуваме ,,гладни,, – тогаш нашата енергија, наместо на варење, оди на регенерација на клетките и на елиминација на штетните супстанции. Режимот на ,,укинување на вечерата,, не дава инстант резултати, но затоа тие се трајни. Ема јо-јо ефект, ниту вишок кожа поради брзото губење на килограми. Меѓутоа, нема да изостанат позитивните впечатоци – со оваа диета ќе ослабнете од еден до два килограми неделно, а губењето на килограмите е загарантирано и континуирани.

Исто така, најголемата предност на ова диета што не подразбира исфрлање на одреден тип намирници, па може да се консумира храна која и обично се јаде. Секако, забрането е прејадување – треба да се јадат од 1500 до 1800 калории дневно.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина