Доколку мислите дека ацетонот служи единствено за маникир, се лажете. Постојат бројни начини на кои можете да ја употребите оваа женска неопходна работа, а ние ви окажуваме девет од нив.

Исчистете ги дамките од порцеланот – Исчистете ги исфлеканите површини со ацетон, а потоа исполирајте со топче памук.

Исчистете ги дамките од мастило – со ацетон исчистете го од кожата водоотпорното мастило. Исфлеканите површини исчистете ги со ацетон на парче памук, а потоа исчистете го местото со сапун и вода.

Отстранете ја бојата од прозорите – Во добро проветрена просторија нанесете ацетон на местата на прозорите со дамки од боја. Оставете да дејствува неколку минути пред исфлеканите места да ги истриете со крпа. На крајот пребришете со влажна крпа.

Извадете ги налепниците од стаклото – со ацетонот за чистење на лак за нокти отстраете ги налепниците и исчистете ги местата на кои биле залепени.

Исчистете го часовникот – со ацетон отстранете ги помалите гребаници од површината на стаклото, доколку површината на часовникот е од цврста пластика, втријте го ацетонот се додека гребаниците не исчезнат или не станат помалку воочливи.

Отсранете го супер лепилото – Супер лепилото се задржува на сите површини, како и на вашата кожа. Немојте да пробувате сами да го отстранувате со прст бидејќи на овој начин можете да си ја отстраните и кожата. Наместо тоа, натопете парче памук со ацетон и држете го на извалканото место се додека супер лепилото не исчезне.

Исчистете ги лакованите чевли – Изгледот на лакованите чевли, како и белите и светли обувки, може да го нарушат браздите што се создаваат од носење на обувките. Овие бразди ќе исчезнат доколку енергично, но внимателно ги протриете со мека крпа или хартиено марамче натопено во ацетон. Пребришете ги обувките со влажна крпа.

Исчистете ја тастатурата на компјутерот – Тастатурата на компјутерот може да ја исчистите со ацеон и стара четка за заби. Нанесете ацетон на четката и со нејзе благо истријте ја тастатурата. Просторот помеѓу копцињата на тастатурата може да го исчистите и доколку поминете со мали ливчиња натопени во ацетон.

Разредете го течниот коректор – Разредете го течниот коректор или стариот лак за нокти така што во него ќе сипете малку ацетон. Ставете неколку капки ацетон во шишенцата од овие производи и благо потресете. По потреба повторете ја оваа постапка.

Тагови: ацетон