Со годините доаѓа мудроста, искуството, зрелоста, самодовербата и прифаќањето на себеси, но стареењето има и некои последици кои не се секогаш добробит. Зглобовите потешко се движат, се јавуваат бели влакна, брчки, но и промени на други делови од телото, посебно и на пенисот. Ова се главните промени на пенисот кои се случуваат како последица од стареењето.

1. Паѓање

Благодарение на губењето на мускулната маса, која започнува во 30 – та години од животот, и кое се продолжува прогресивно, неизбежно е спуштањето на скротумот, односно на мошниците. Најлошото сценарио, но воедно и редок е т.н. синдром на паѓање, при кој мошниците се спуштаат толку ниско, што не постои само естетски, туку и функционален проблем.

2. Собирање

Трајно собирање се случува поради тоа што нееластичните влакна, односно колагенот, со тек на време ги заменуваат нормалните келтки. Она кое секој маж може да го направи за најдобро превенирање е да спречи да се трупаат маснотии на стомакот. Тоа значи да се избегнува и пивскиот стомак.

3. Закривеност

Како што старее човек, кај него се трупа старо ткиво, а тоа се случува и на пенисот благодарение на бзопасните, но повторувачки повреди, најчесто предизвикани од секс и спорт. Поради тоа кај 50% од мажит доаѓа до закривеност на пенисот. Во 60 -те и 70 – те години од животот ситуацијата станува се поочигледна.

4. Еректилна дисфункција

Еректилната дисфункција е резултат на намалена циркулација на органите. Може да значи неспособност за оддржување или за постигнување на ерекција или неможност за постигнување на оргазам. Таа го погодува секој трет маж постар од 50 години, а најдобра превенција е здравиот начин на живот, со умерена тежина и редовно движење. Исто така, многу е битно да се оддржуваат нормалните нивоа на крвен притисок и шеќер во крвта, а по потреба да се лекуваат наведените состојби.

5. Најголема опасност

Воспалението на простатата е една од најчестите машки болки, кој се одликува со редовни чести посети на тоалетот, чувство на непотребно празнење на мочниот меур и слично. Имено, при воспаление на простатата се јавуваат токму такви симптоми, кои ако не се лекуваат, може да дојде до до хронично воспаление, чии најголеми ризици се проширување на простатата и рак. Потребно е да се внимава на простатата со топла облека и со редовна посета на тоалетот, но и со лекарски контроли, посебно со тумор маркери на простатата – ПСА.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина