Како да имате здрави навики и да загубите од телесната тежина, а воедно да бидете поодморни и посреќни? Во продолжение следува одговорот.

 

Да се биде здрав и фит не значи дека мора да дадете отказ и да вежбате со часови дневно и да не јадете ништо друго освен пилешко месо и варена брокула секој ден. Всушност, постојат неколку ефикасно и помалку болни навики кои можете да ги усвоите уште денес. Тие нема да ви помогнат во краток временски рок, туку со нивна помош ќе останете на вистинскиот пат кон здравјето.

 

Овие шест навики лесно се имплементираат во секојдневниот ѓивотен стил, а ќе ви помогнат да бидете здрави и слаби:

 

Престанете да наоѓате изговори

 

Навистина, премногу сте зафатени за да одите во теретана. Потребно е премногу време за пакување здрав ручек и претешко е да се најде нешто здраво за јадење. Сите овие изговори важат на свој начин – и сите ние го имаме искусено тоа. Но, ако навистина сакате да постигнете – и да бидете слаби и здрави, мора да научите да се одвикнете од изговорите и да почнете да си го градите своето здравје уште денеска.

 

Шетајте повеќе

 

Дури и ако одите во теретана шест пати неделно, вистинскиот клуч за доживотна слабост е едноставно да се биде поактивен и да се прават почесто прошетки. Обидете се да направите свесен напор секојпат кога можете и каде можете: до продавница, на кафе или на вечерна прошетка со своето семејство. Целите и обидете се да правите најмалку по 10.000 чекори дневно.

 

 

 

Немојте секогаш да се лишувате себеси од задоволствата

 

Тежнеењето вашата исхрана секогаш да биде ,,совршена,,, всушност не е долгорочна стратегија за стекнување фит тело или за негово останување во тој облик. Откажувањето од десерт и од сета храна која ја сакате само ќе резултира со прејадување со истите тие намирници во миговите на слабост.

 

Наместо тоа, обидете се да ја следите стратегијата 80/20: јадете здраво околу 80% од времето, а потоа опуштете се малку и дајте си простор. Наградете се со омилената паста или колач.

 

Пронајдете активност која ве придвижува

 

Наместо секогаш да одите во кино или да седите на долги вечери, обидете се да пронајдете некои активности кои вие и вашите пријатели или сакани сакате да ги правите заедно. Одете на возење велосипед, одете на планинарење – листата е бескрајна! Не само што ќе се движите, туку воедно и ќе се забавувате.

Добриот ноќен сон нека ви биде приоритет

 

Многумина од нас ја потценуваат важноста на добриот ноќен одмор, но тој е клучен за имање долгорочно здравје. Задолжително е секоја вечер да го одморате телото со доволно спиење. Запомнете: премалку спиење исто така може да влијае врз намалувањето на телесната тежина поради зголеменото ниво на кортизол.

 

Пронајдте начини како да уживате во зеленчукот

 

Сите не го сакаат вкусот на зеленчукот. Но, тој е преполн со важни хранливи материи кои го оддржуваат телото здраво, а нивната содржина богата со влакна помага исто така да се чувствуваме сито. Значи, ако не сакате да јадете обична салата, тогаш пронајдете начини како зеленчукот да ви стане интересен.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина