Деловите од намирниците кои инаку не се јадат можат да бидат преполни со хранливи материи, а се и изненадувачки вкусни. Ова се деловите од намирниците кои би требале да ги јадете наместо да ги фрлате.

Кора од јаболко

Секој ден се препорачува да изедете две до три порции зеленчук и две порции овошје. Препорачаниот дневен внес би бил полесно да се постигне ако секој ден не се фрлаат деловите од намирниците кои се полни со влакна и хранливи состојки, како што е тоа кората од јаболкото. Во нејзината кора се кријат повеќе витамини отколку во самиот плод, а изобилува и со антиоксидансот кверцетин, кој помага во борбата со Алцхајмеровата болест и ја подобрува функцијата на белите дробови.

Листови од ротквица
Иако на почетокот ротквиците се одгледувале поради нивните лисотви, со тек на времето плодот ја добил водечката улога. Листовите им се неприкосновен извор на валкна, калциум, железо и витамините А и К.
Листови од репка
Исто како и кај листовите на ротквицата, и листовите на репата изобилуваат со витамини А и К, кои се неопходни за здравје на очите и за правилно згрутчување на крвта. Исто така, тие се одличен извор на влакна и на калиум и железо. Имаат луто – сладок вкус и се подготвуваат како додатоци во јадењата.
Кора од компир
Богата е со витамините Б и Ц, железо, калциум и калиум, кои ги градат коските, на кожата и даваат сјај и го зачувуваат здравјето на мускулите. Компирот е најдобро да се подготвува во рерна, завиткан во алуминиумска фолија, бидејќи така најдобро ги задржува хранливите состојки.

Кора од портокал
Содржи за четири пати повеќе влакна од делот кој обично се јаде и повеќе тангерин и ноблетин – флавоноиди кои се добри за превенција од рак, дијабетес и воспаленија.

 

Стебленце од блитва
Содржи многу глутаминати во себе, амнокиселини кои влијаат на подобрување на имунолошкиот систем и кој ја поттикнува способноста на телото да закрепне од повреди и операции.

Листови на целер
Во нив има пет пати повеќе магнезиум и калциум отколку во стебленцето. Покрај тоа, содржат во себе и витамин Ц и феноли, моќни антиоксиданси.

Листови од брокула
Само во една порција од 30 грама листови брокула се содржат 90% од дневните потреби за витаминот А, додека во самиот плод го има застапено само со 3%.

Кора од лубеница
Откриено е дека белиот дел од лубеницата содржи во себе голема количина цитрулин, аминокиселина која го поттикнува ширењето на крвните садови и на тој начин ја подобрува циркулацијата. Истата состојка ја има и во кората на дињата.

Лушпа од лук
Содржи во себе повеќе антиоксиданси од самата главица лук. Посебно е богата со кверцетин, кој може да го намали крвниот притисок.

Стебленце од карфиол

Стебленцето е со вкусен сладок вкус и во него се содржи голема количина влакна.

Кора од киви

Влакнестата кора од кивито содржи во себе за три пати повеќе антиоксиданси од самиот плод. Освен тоа, има и антиканцерогени и антибактериски својства.

Листови од морков

Листовите од морковите не се отровни, туку се јадат! Единствено не можат да ги користат оние кои се склони на алергии, поради присуството на состојката фурокумарин. Поради неа тие можат да добијат лесен алергиски дерматитис, и тоа само при изложеност на сонце.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина