Дали знаете што е тоа натуропатија?
Главните постулати на натуропатијата се дека човекот е суштество на природата и дека здравјето се стекнува со живеење во склад со природата. Хармонијата доаѓа доколку се храниме правилно, пиеме многу течности, се изложуваме на сонце и одвреме – навреме го прочистуваме организмот со детоксикациски третмани и постови. Натуропатите овој вид на медицина ја дефинираат како примарен систем од здравствената заштита, како уметност, филозофија, лекување, превенција и третман. Натуропатската медицина се разликува според принципите на лекување кои постојано се преиспитуваат и одат во чекор со новите научни достигнувања. Натуропатијата вклучува модерни, традиционални, научни и емпириски методи.
Натуропатијата следи бројни принципи кои се од голема важност, а тоа се:
Исцелувачката моќ на природата
Тоа е всушност мислење за тоа како секое тело има сопствена способност самото да го одржи и врати доброто здравје. Натуропатските доктори овој процес го олеснуваат така што ги отстрануваат пречките кои го спречуваат лекувањето и пронаоѓаат соодветни третмани кои ќе го поттикнат лекувањето.
Идентификација и лекување на причината
Натуропатските доктори се базираат на барањето и лекувањето на главната причина, а не само на симптомите на болестите, бидејќи симптомите се само надворешна манифестација на внатрешната нерамнотежа која ја предизвикуваат многу физички, ментални и емоционални проблеми. Симптомите секако се важни, но многу е поважно она што ги предизвикува.
Терапиите не треба да штетат
Третманите што се користат во натуропатијата се воглавно нежни, неинвазивни, многу ефикасни и немаат несакани последици. Посебно внимание се посветува на тоа да не се потиснуваат симптомите.
Докторот како учител
Латинските корени од зборот ,,доктор,, се docere, што всушност значи „да учиш“, а примарната улога на натуропатските доктори е да едуцираат, мотивираат и да ги зајакнат пациентите, за да развијат поголеми лични одговорности кога станува збор за нивното здравје, усвојувајќи здрави навики.
Лекување на целата личност
Практикантите на неуропатија бараат во своите пациенти специфични слабости и дисфункции, па лекувањето го базираат врз основа на секој пациент одделно. Една од попознатите натуропатски изрази е онаа дека е поважно да се открие каков пациент ја има болеста, отколку каква болест има пациентот.
Превенција
Многу е полесно да се делува превентивно врз болеста отколку да се лекува, и тоа е она што го промовира натуропатијата. Тука се и советите за здрави животни навики и суплементите кои ќе ви помогнат да го сочувате здравјето.
Како натуропатијата помага за здравјето и за подобар живот
Со натуропатијата многу често успешно се лекуваат хронични болести кои обично не реагираат на конвенционалните начини на лекување. Тука посебно се истакнуваат заморот, болките, нарушувањето на сонот и проблемите со варењето. Лекувањето на овие состојби воглавно е комбинација од суплементи, растителни лекови и посебни диети кои се составени според потребите на пациентот.
Ефикасното лекување со натуропатијата не се состои само во природните лекови, туку и во добрата комуникација помеѓу практикантите и пациентите, кои со заеднички сили, разговор и слушање доаѓаат до вистинскиот лек. Еден преглед кај натуропат обично трае еден час. За време на прегледот, докторот ќе го испраша пациентот за неговата состојба, медицинската историја, исхраната, начинот на живот и за конвенционалните третмани на кои бил подложен. Потоа докторот ќе му ги прегледа јазикот и ноктите, за да има подобар увид во неговата состојба, а можеби ќе побара да направи и некои тестови на косата, крвта и столицата. По собраните потребни информации, тој ќе одреди колкави се шансите за телото само да се излекува, а планот за излекување може да вклучува промена на исхраната, промена на начинот на живот, вежбање, растителни лекови, хомеопатски третмани и други соодветни лекови.