Дали треба да им верувате на апликациите кои го мерат бројот на внесени калории?
Сакате да ја фотографирате вашата храна и омилените оброци, но не обожувате да водите дневник за секојдневната исхрана и броењето на внесените калории? Можеби најновиот изум од технолошката лабораторија на Apple, која стои и позади Siri – би можело да биде полниот погодок кој ќе ви помогне да ги изгубите неколкуте килограми вишок или пак да ја одржите вашата витка линија.
Дрор Орен, извршниот директор на Siri, изјавил дека тие сега создале технолошки изум, кој засега се вика Ceres, кој ќе им овозможи на корисниците да ја фотографираат својата чинија и да ја добијат пресметана приближната калориска вредност на својот оброк.
Звучи одлично, нели? Можете да му кажете збогум на запишувањето на вашите оброци или пак електронското внесување на калориите, и ќе започнете да го користите вашиот телефон, кој веројатно и онака многу го употребувате, за нешто многу попродуктивно.
Но, сепак остануваат одредени двоумења и факти што треба да се разгледаат.
Пред се, треба да се разгледаат целокупните бенефити кои ги пружа одреден оброк (т.е. влакна, протеини, масти) , а како прво и основно, големината на порцијата. Па да му соопштите на некого дека внел 400 калории за ручек можеби и не е толку корисен податок. Но, доколку апликацијата Ceres ги препознава видот на состојките на оброкот – на пример дека половината од оброкот е зеленчук, а другата половина е храна богата со влакна и протеини, би било неверојатно.
Поради скриените масти како маслата и путерот користени за подготовка на храната, Орен признава дека не може сосема прецизно да се утврди точната количина на калории во секоја храна, но нагласува дека за голем број луѓе, добивањето на одредени рамки за калориската вредност на храната, на пример од 400 до 600 калории, е сеуште многу корисно . Како и да е, на пример, доколку Ceres пресметува со дозволена грешка од 200 калории за појадок , ручек и вечера , што значи со грешка од 600 калории на ден – таа е доволна разлика за да се запре било каквото губење на тежината .
И, ниту овие тие калории не значат ништо доколку не знаете со колку калории треба да започнете. Во овој момент, сеуште не е јасно дали Ceres би ги обезбедил овие информации и колку точни тие би биле.
Останува и прашањето дали резултатите за проценката на калории ќе зависат од осветлувањето , аголот или пак од целокупниот квалитет на сликата. Квалитетот на фотографиите не е секогаш најдобар, квалитетот на камерата варира во зависност од староста на мобилниот апарат и цената, а некои ресторани имаат ставено дури и забрана за фотографирање на храната, додека се послужуваат гостите.
И за крај, пазарот е веќе заситен со мобилните апликации за следење на тежината и мерење на внесените калории, а останува и прашањето дали тие навистина можат да помогнат. Во пракаса, некои луѓе кои се страствени корисници на овие апликации имаат постигнато забележителни резултати, но кај други, тие не помогнале многу. А многу пати резултатот е последиц на што е внесено како инпут. Сликата никогаш не лаже или пак сепак можеби да?




