Научниците од Универзитетот Оксфорд откриле дека плунката на крлежот може да се користи во борбата против опасен вид на срцева болест, која најчесто завршува со ненадејна смрт кај младите луѓе. Списанието Scientific објавило детали од една студија според која таа материја служи во третманот на фаталната срцева болест – миокардитис.

 

Кај околу 30% од луѓето со оваа здравствена состојба, срцето почнува да слабее и ако не се изврши трансплантација, воглавно резултатот е смрт.

Истражувањето покажало дека протеините кои ги содржи оваа плунка го стопираат воспалението на виталниот човечки орган, што е главна причина за миокардитис. Научниците создале формула кои протеините од плунката ги претвора во клетки на квасецот, врз основа на која можат да утврдат кои протеини имаат противоспалителни особини.

Противоспалителните протеини имаат способност незабележливо да ги хранат своите домаќини и до 10 дена. Крлежот уфрла протеини, познати и како евасини, во своите домаќини, а токму овие евасини се она за кое научниците веруваат дека може да се избори со воспалението на срцето.

“Миокардитисот е разорувачка болест, од која има малку можности за излекување. Ова истражување ни дава надеж дека ќе можеме да смислиме адекватна противоспалителна стратегија и да создадеме спасоносна терапија за ова многу опасно срцево заболување,, вели професорот по кардиоваскуларна медицина на Оксфорд, Шоумо Батахарја, водечки автор на истражувањето.

Тој, исто така, верува дека ова може да биде пат до излекување на долги болести кај кои воспаленијата имаат голем уддел.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина