Без разлика на причината, желудникот понекогаш едноставно треба да се одмори од ,,оптоварувања,,. Во тие случаи посегнете по овие намирници, кои ќе го смират.

 

Нане

 

Чајот од нане ќе ги намали грчењето на желудникот и надуеноста. Во исто време, ќе го опушти и делот помеѓу хранопроводникот и желудникот, но и ќе ве доведо до опасност да добиете жиговина (доколку сте склони на тоа, најдобро е да се напиете чај од камилица, која ќе го смири желудникот). Одбегнувајте гуми за џвакање од ментол без шеќер, затоа што вештачките засладувачи можат да предизвикаат надуеност, гасови и подригнување.

 

Јаболков оцет

 

Јаболковиот оцет ќе го смири желудникот кога изворот на грчеви се наоѓа во недостигот на желудочна киселина. Покрај тоа, јаболковиот оцет содржи и многу хранливи материи, како витамините Б и Ц, кои дополнително ќе ја подобрат состојбата на организмот. Ако ви е пресилен вкусот на оцетот, измешајте го малку со вода и мед.

 

Ориз

 

Белиот ориз е лесно сварлива намирница која содржи многу скроб и кој го јакне желудникот. Оризот е секогаш добар да се јаде, посебно во мигови кога патите од дијареја предизвикана од некои типови на стомачен вирус.

 

Ѓумбир

 

Ако сакате да го намалите чувството на мачнина или нагоното за повраќање – посегнете по ѓумбир. Ова коренесто растение има карактеристики кои ги намалуваат овие непријатни последици. Се што треба да направите е да налеете врела вода врз парче свеж ѓумбир, да го оставите да отстои неколку минути, а потоа полека да ја испиете течноста.

 

Банани

 

Бананите се одличен извор за оние кои патат од пролив, бидејќи ова тропско овошје содржи елементи кои ќе ја зајакнат столицата. Покрај тоа лесно се лупи и претставува богат извор на калиум, кој го јакне имунитетот по долготрајна болест.

 

Тост

 

Мора да се јаде дури и кога се има желудочни проблеми. На чувствителниот орган тогаш најдобро ќе му годи добро тостирано парче леб, кое ќе ги спречи понатамошните грчеви и болки.

 

Коромач

 

Коромачот е зеленчук богат со антиоксиданси, кои делуваат поволно врз целото тело. Познат е и по своите карактеристики кои спречуваат надуеност и гасови, како и поттикнувач на исфрлањето на токсините од телото. Секој ден треба да се јаде по една лажичка од неговите семки или малку насецкан свеж корен.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина