Тоа што некој има нормален индекс на телесна маса (BMI), не значи автоматски дека е здрав и дека не треба да се грижи за своето здравје, тврдат научниците, бидејќи местото во телото на кое се таложат маснотиите е подобар показател за здравје од телесниот индекс.

 

– Не е секоја маст иста – вели доктор Вирнд Самерс, кардиолог од клиниката Мејо во Минесота, САД.  – Маста која се наоѓа директно под кожата, односно оние кои не ги гледаме, не се секогаш штетни. Треба да се плашиме од оние масти кои не ги гледаме со голо око.

 

Оваа ,,невидлива,, маст е метаболички поактивна и предизвикува низа штетни процеси. Тоа е вид на маст која е тесно поврзана со ризикот од кардиоваскуларни болести.

 

Дебелината е виновна за безброј здравствени тегоби, како што се коронарните болести, високиот крвен притисок, инфарктот и дијабетесот тип 2, но не е секоја маст составена од ист ,,материјал,,. Поткожната маст е видлива со голо око и може да се опипа околу стомакот или на колковите. Овој вид маст се наоѓа под кожата и е релативно безбедна по здавјето. Оние кои се ,,крушковидно,, градени, кои имаат потенка половина, а широки колкови, имаат повеќе поткожни масти. Оние кои се градени, пак, како јаболко, маста ја таложат во средниот дел од телото, околу стомакот, и воглавно имаат повеќе скриени маснотии. Оваа маст се наоѓа во подлабоките структури на телото и не е така очигледна како поткожната маснотија. Внатрешната маст се собира околу органите, внатре во стомакот, околу цревниот тракт, слезината и бубрезите.

 

– Ако сте слаби, а почнете да добивате на тежина, без толку видливи промени на телото, веројатно расте количината на внатрешни маснотии, а подоцна и стомакот почне да ,,виси,,- објаснува доктор Самерс.

 

Во една студија од 2010 година, биле споредени две групи млади и здрави учесници, со нормална телесна тежина. Едната група ја оддржувала телесната тежина осум недели, додека другата група истражувачите ги здебелиле за пет килограми. Резултатите, кои биле објавени во списанието American college of cardiology, биле вџашувачки.

 

Во групата која се здебелила, некои од учесниците повеќе ја зголемиле внатрешната, а други поткожната маснотија. Овие со внатрешна маснотија имале зголемување на крвниот притисок и дисфункција на ендотелата, што доведува до развој на артериосклероза и многубројни кардиоваскуларни нарушувања. На крај од студијата, по 16 недели, кога испитаниците го загубиле вишокот на килограми, сите овие функции се вратиле во нормала.

 

Од друга страна, кај оние кои во текот на студијата добиле повеќе поткожни маснотии, не било забележано нарушување на функцијата на ендотелата. Тоа значи дека не е толку опасно ако се здебелиме неколку килограми, туку е важно каде оди таа маснотија.

 

Како да знаеме дали имаме скриени маснотии? За жал, анализата со биоелектричен импеданс (BIA), која најчесто се користи за проценка на структурата на телото и содржината на масти во него, не е доволно точна. Најприближното ,,рачно,, мерење е пресметување на односот на колкоивте и половината (Waist hip ratio – WHR). Мерењето на обемот на одделни делови од телото подразбира мерење на обемот на половината, на горните и долните екстремитетите и односот на половината и колковите. Половината се мери помеѓу најниската точка на ребрениот лак и бедрениот гребен.

 

Начинот на пресметување на WHR е многу едноставен. Формулата гласи: Обемот на половината поделен со обемот на колковите. Бројот кој се добива го претставува WHR индексот. Ако овој индекс е во распон од 0 до 0,9, не е потребна диета. Оптималниот WHR индекс е 0,6, и него го имаат жените со совршена фигура. Инаку, нормалните вредности за мажите се 0,95, а за жените – 0,80.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина