Клиничкиот нутриционист Шон Стивенсон им помогнал на илјадници луѓе да ги решат своите проблеми со спиењето и со помош на неговите совети да им помогне да го променат стилот на животот. Освен што ги советува за исхраната, тој им нуди на клиентите совети за сите аспекти од животот кои можат да влијаат на здравјето и голем дел од тоа е сонот. Во новата книга “Sleep Smarter” тој нуди практични стратегии како да им помогне на луѓето да постигнат квалитетен сон.

Тој истакнува дека токму квалитетниот сон носи здравје, добар изглед, успешност на работното место и општ успех. Доколку сонот не ви е доволно квалитетен, можете да се разболите од рак, дијабетес, депресија, губење на помнењето, срцеви болести и да се здебелите. Недостигот на сон е подеднаков на консумирањето марихуана и пијалоци, се наведува во студијата на американската Академија за сон.
Ако не му дадете на своето тело доволна количина сон, никогаш нема даимате тело и живот каков што сакате – вели Шон.

Тој истакнува и дека на секого треба да му биде приоритет тоа добро да се наспие. И, советува тоа да го планирате кога се работи за некој голем состанок. Нему му успеало. Ја вратил нормалната тежина и полесно се носел со дегенеративната болест на коските, која му била дијагностицирана уште на 15 – годишна возраст. Не му помогнале бројни таблети против болки. Еден ден решил на сето тоа да стави крај. Се откажал од лошата храна, почнал да вежба и го подобрил спиењето. Наскоро престанал да пие таблете. Сфатил дека се чувствувал подобро кога спие. Умот подобро му работел, имал побистри мисли, повеќе енергија, а болката исчезнала. Дури и ја излекувал дискус хернијата.

Во неговата книга, Шон вели дека одличниот ноќен сон започнува со утринското будење. Битно е која количина сончева светлина ја примате во текот на денот, бидејќи тоа има големо влијание врз системот кој ни помага да контролираме голем број процеси во телото.
Сончевата светлина ги буди органите и го тера телото да произведува оптимални хормони за денот, па и оние кои го контролираат биолошкиот часовник.

Некои од советите

Намалете го количеството на внесен кофеин и правилно внесувајте го. Тоа може да ви помогне подобро да спиете. Најдобро е да се внесува наутро, за да се разбуди телото.

Легнувајте во 22.00 часот, бидејќи тогаш започнува процесот на обновување на телото. Оние кои доцна легнуваат имаат проблем со спиењето и се будат уморни. Ако легнете во 22.00 часот и го навиете алармот за будење во 05.30 часот, ќе се разбудите посвежи, наместо да станете во 06.00 часот наутро.

Исклучете ги компјутерите, таблетите, мобилните телефони и телевизорите. Тоа дополнително го разбудува мозокот.

Легнувајте голи, бидејќи тогаш опаѓа температурата на телото и телото спие. Температурата на собата треба да биде помеѓу 16 и 20 степени ако не спиете голи. Во тој случај носете лесна облека.

Станете ранобудник, бидејќи тоа не е тешко. Важно е само да се стекне навика. Одвреме – навреме станувајте по 15 минути порано.

Користете помали перници, а ако спиете на стомак, ставете помала перница под колковите и стомакот за да го намалите притисокот на грбот и вратот.

Вежбајте, но не доцна навечер. Најдобро време е наутро во 07.00 часот.

Купете едно или две растенија, бидејќи тие ќе ве опуштат.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина