6 причини зошто не смее да се консумира кока-кола зеро
Современиот начин на живот има свои маани. Постојано ни недостасува време, постојано работиме и немаме време да одделиме за физички активности. На сето тоа, за да можеме да функционираме нормално, внесуваме поголеми количини висококалорична храна и газирани пијалоци кои содржат шеќер. Ако се решиме да почнеме да водиме здрав живот и да се ослободиме од вишокот килограми, можеби ќе посегнеме по пијалоци кои содржат 0% шеќери. Меѓутоа, вистината е дека овие производи прават повеќе штета одошто полза за нашето тело. Еве зошто.
Заболувања
Ако секојдневно консумираме Кока-Кола Зеро или некој друг газиран пијалок кој содржи 0% шеќер, треба да се знае дека овие пијалоци содржат вештачки засладувачи, првенствено аспартам, за да имаат сладок вкус. Овие додатоци не ставаат под ризик од развивање метаболички синдром кој резултира со дијабетес тип 2. Други фактори на ризик вклучуваат висок крвен притисок и зголемено ниво на холестерол.
Недостаток на хранливи материи
Ако сакаме да ослабнеме, тогаш овие пијалоци треба да ги замениме со поздрава алтернатива, како што се свежите овошни сокови. Секогаш треба да се има на ум дека Кока-Кола Зеро и други слични напитоци не се ништо друго од обоена вода преполна со вештачки засладувачи, од кои всушност се дебелееме. Покрај тоа, тие не содржат никакви хранливи материии кои се добри за нашиот организам.
Содржина на кофеин
Патите од несоница, раздразливи сте и сте постојано уморни? Ако редовно пиеме Кока-Кола Зеро и други напитоци кои содржат 0% шеќери, сосема е нормално така и да се чувствуваме. Зошто? Затоа што овие пијалоци содржат повеќе кофеин од кафето или од чајот.
Лажни ветувања
Дури и ако сакаме да ризикуваме, под услов овие пијалоци да ни помагаат да се ослободиме од вишокот килограми, важно е да се напомене дека тие не ја задоволуваат ниту таа функција. Имено, количината сахарин во овие пијалоци резултира со трупање килограми и таложење масни наслаги.
Несразмерно внесување пијалоци
Консумирањето Кока-Кола Зеро и слични пијалоци може да ја зголеми желбата за слатки, што на крајот доведува до дебелеење и развивање нездрави прехранбени навики. Покрај тоа, овие пијалоци можат да влијаат на намалување на консумирањето здрави напитоци како што се, на пример, водата или млекото.
Откажување од физички активности
Најдобар начин да се намали телесната тежина е умерената избалансирана исхрана и редовното вежбање. Нашето тело треба да се ослободи од вишокот калории за да загуби од тежината. Меѓутоа, ако пиеме Кока-Кола Зеро или други пијалоци со вештачки засладувачи, постои голема шанса дека многу брзо ќе се откажеме од физичките активности, бидејќи ќе имаме чувство како тие да ни помагаат да се ослободиме од вишокот килограми. А, тоа секако не е случај.