Внимавајте добро на солта кога подготвувате храна, бидејќи тоа може да има големо влијание врз вашето здравје. Можеби мислите дека консумирањето сол во вашиот организам е во нормала, но на менито честопати знаат да се најдат намирници кои имаат скриени големи извори на сол. Такви намирници се и пицата или фаст фуд сендвичите, но и лебот, печивата и сувомеснатите производи. Прекумерното консумирање сол во организмот може да предизвика срцеви проблеми и проблеми со бубрезите, бидејќи создава прекумерно таложење на течностите. Освен тоа, солта може да доведе и до други здравствени проблеми, па затоа обратете внимание на знаците со кои телото ве предупредува дека премногу ,,го солите,,. Постојат седум знаци кои укажуваат на ова:

 

Чувство на отечност и надуеност

 

При претерано консумирање сол, кожата и одредени делови од телото можат да делуваат отечено поради задржувањето на водата. На лицето отечувањето најдобро се забележува во делот под очите. Исто така, вишокот сол предизвикува отекување на прстите на рацете и околу зглобовите.

 

Чувство на жед

 

Премногу сол предизвикува хидратација. Како последица на тоа, ќе забележите дека често внесувате течности, посебно за време на тренинг или при некоја физичка активност. Кај поактивните вежбачи, околу усните може да се формира и тенок солен слој за време на тренинг. Тоа е знак дека телото се обидува да го исфрли вишокот на сол од организмот.

 

Често мокрење

 

Премногу сол предизвикува често одење во тоалет, а урината е со потемна боја и е позаматена. Иако ова не звучи како сериозен проблем, сепак со мокрењето се губи калциумот. Ако во крвта нема доволно калциум, телото ќе го зема од коските. Затоа оние кои консумираат премногу сол имаат ризик од појава на остеопороза.

 

 

Желба за нездрава храна

 

Многу сол може да предизвика губење на интересот за здрава храна. На оние кои внесуваат премногу сол не им се допаѓа вкусот на здравата и незачинета храна. Затоа со тек на време се одлучуваат за солена храна, а тоа е речиси сета преработена храна (на пример колбаси, салами и купечки супи).

 

Грчеви во мускулите

 

Кај оние кои вежбаат и внесуваат многу сол почесто се јавуваат грчеви во мускулите. Натриумот и калциумот се одговорни за контракција на мускулите, а калиумот помага во нивното опуштање. Ако се наруши балансот на натриумот и калиумот во организмот, почесто ќе чувствувате болки во мускулите.

 

Замор

 

Заморот нема да биде последица од претераното консумирање на солена храна, но дехидратацијата (предизвикана од вишокот сол) предизвикува замор. Тоа ќе делува посебно негативно врз вас ако редовно вежбате.

 

Проблеми со срцето и бубрезите

 

Ова е помал воочлив проблем, кој се јавува ако долгорочно се внесува премногу сол. Бубрезите не можат одеднаш да филтрираат толкава количина сол, па во телото се задржува вода, со цел да ја разблажи насобраната сол. Тоа предизвикува зголемување на течноста околу клетките и зголемување на волуменот на крвта, поради што срцето мора посилно да работи за да ја пумпа крвта и така се создава притисок на крвните садови. Со тек на време, тоа доведува до оштетување на срцето, крвките садови и бубрезите, што може да доведе до висок крвен притисок или до срцев удар.

 

Препорачанат дневна доза сол е 2400 милиграми, односно една лажичка сол. Внимавајте на тоа дека најмногу сол се внесува во организмот по пат на јадење преработена храна, па затоа исхраната треба да содржи колку што е можно повеќе свежи намирници.

 

Тагови: сол
Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина