Полека и кај нас доаѓапостудено време и пониски температури, но тоа не треба да ја спречи вашата желба за вежбање или пак да ве ограничи само за теретаната. Вежбањето надвор за време на студените денови, без разлика на тоа дали трчате, скијате или рибарите, може да биде потполно сигурно доколку ги следите следниве одредени мерки на претпазливост.

 

vezbanje_naslovna

Вежбањето создава топлина во телото- доволна за да почувствуваме дека е потопло отколку што навистина е. Истражувањата покажуваат дека е неважно што покажува термометарот, телото работи на одржување на здрава температура од 37С. Речиси секој може бебедно да вежба на отворено. Всушност, научниците велат дека ниту една температура не е прениска се додека сме добро облечени и имаме соодветна опрема, за да ги намалиме ризиците од повреди. Вежбите со умерен и висок интензитет како трчање, фудбал, лизгање на мраз и скијање, нудат помал ризик бидејќи овозможуваат задржување на телесната температура.

За оние кои сакаат вежби со помал интензитет, како лов или риболов, треба да преземат дополнителни безбедносни мерки, за да го спречат проблемот со намалување на протокот на крв. Запаметете- оние со здравствени проблеми како што се срцеви болести или слаба циркулација на крв во екстремитетите, би требало да се консултираат со лекар пред да одат на зимски активности. Честа нуспојава на вежбањето во студените денови е црвениот нос, а тоа е знак дека работите допрва се загреваат.

 

vezbanje_1

Внатрешноста на носот се навлажнува со воздухот кој го вдишуваме, и вишокот на течности ни тече од носниците.  Другата по малку неубава реакција кога вежбаме на отворено, е притисокот во градите. Ако дојде до оваа незгодна ситуација, запаметете дека е добро да носите шал за да го загреете воздухот кој го дишете и бидете внимателни ако имате проблеми со астма, бидејќи комбинацијата на вежбање и студен и сув воздух предизвикувастегање на белите дробови и напад на астма.

План

Студениот воздух и смрзнатите улици не мора да бидат убијци на вежбањето. Пред да излезете, внимавајте да ги исполнувате следниве услови

Облечете се во повеќе слоеви– Првиот слој треба да биде синетички за да ја собира потта, вториот слој треба да биде волнен за да овозможи изолација, а третиот треба да биде од прозрачен водоотпорен материјал кој штити од дожд и од ветер. Избегнувајте го памукот, бидејќи тој ги губи своите изолациски способности кога сме испотени и мокри. Дополнително, носете маска на лицето или шал за да го загреете воздухот пред да навлезе во белите дробови.

Покријте ја главата, прстите на рацете и нозете– Протокот на крв е концентриран во основата на дланките и стапалата, па затоа прсите се уште почувствителни на студенилото. Обавезно носете ракавици, и секако удобни чевли во кои ќе можете да носите и дебели чорапи. За топлината да остане и во пределот на главата, обаевзено носете капа.

Избегнувајте дожд и ветер– На телото му е тешко да ја одржува температурата кога е влажно, бидејќи водата ја намалува температурата на телото 25 пати побрзо отколку воздухот заради поголемата густина и топлинскиот капацитет. Силниот ветар исто така, може да биде опасен.

Немојте да облечете премногу облека – Бидејќи телото се загрева како што се движиме, треба да почувствуваме студенило на почетокот. Кога изведуваме вежби со поголем интензитет, премногу облека може да доведе до претерано потење, што го прави нашето тело влажно. Влажната кожа овозможува брзо губење на топлината, а ја намалува телесната температура, и го зголемува ризикот од хипотермија.

Бидете внимателни– прв знак за смрзнатини е вкочанетост, после што следат трнење или пецкање.  За хипотермија- треперењето и конфузната состојба се знак за опасност. Со правилен избор на облека било која активност надвор може да спречи повреди поврзани со студенилото.

Запомнете, ако надвор е премногу ладно, не треба да форсирате. Секогаш има теретани, можете да вежбате и дома исто така. Многу активности  можат да ви помогнат во такви ситуации.