Одлична вежба за стомачни со само две кујнски крпи
За оваа магија потребни ви се две крпи за садови и празен лизгав под.
Наместете се во почетна положба за склекови, така што нозете да ви се на крпите. Потоа правете само едно движење – привлекувајте ги нозете до крпите поблиску до рацете и враќајте се во почетната положба лизгајќи се по подот. Притоа внимавајте стомачните мускули да ви бидат напнати, а телото рамно. Сето тоа поворете го 20 пати. Потоа вратете се пак во почетната положба за склек и правете,, ножички,, – оддалечувајте ги и приближувајте ги нозете, внимавајќи притоа телото пак да ви биде рамно да не ви пропаѓа. Сето тоа направете го 20 пати.