Дали да вежбате кога сте настинати?
Многу луѓе заболуваат од грип два пати годишно, но тоа не треба да направи тотален хаос во одењето на фитнес и вежбањето. Некои физички активности можат да бидат прифатливи додека сте болни, меѓутоа постојат и моменти кога вежбите можат дополнително да ја влошат ситуацијата. Најдобар начин да одлучите дали треба да одите во теретана или не, е да го утврдите обемот на болеста и локацијата на симптомите. Можете да ја примените интересната т.н. ,,проверка со помош на вратот,,, односно во зависност од тоа дали симптомите ви се над или под вратот, да одлучите дали треба да продолжите со вежбање.
Можете да вежбате ако….
Ако симптомите ви се од вратот нагоре, како рапавост на грлото, тогаш е во ред да вежбате. Физичката активност нема да го забави опоравувањето, се додека не се зголемат отчукувањата на срцето и телесната темпертура на едно неприфатливо ниво.
Истражувањето е направено на луѓе кои имале инфекција на дишните патишта над 10 дена. Било извршено споредување меѓу луѓето кои вежбале секој ден по 40 минути и оние кои не вежбале воопшто. Научниците не пронашле разлики помеѓу симптомите на крајот на истражувањето и вежбањето со мала настинка не влијаело на траењето н болеста или на тежината.
Добри симптоми (можете да вежбате)
- Течење на носот
- Кивање
- Солзење на очите
- Рапаво грло
Најдобро е да одморите кога…
Ако симптомите ги чувствувате под вратот, како чувство на тегоби во градите, тогаш на вашето тело му треба одмор. Вежбањето со симптомите на настинка, посебно треска, ќе ја продолжи вашата слабост и може да биде опасно. Физичката активност во овој случај ќе го загрози имунолошкиот систем бидејќи телото ќе се фокусира на производство на енергија и на функционирање на мускулите, наместо да се избори со болеста.
Ако телесната температура ви е над 37.5°, телото се бори со инфекција и потребен му е одмор. Слушајте го своето тело и не се плашете дека ќе изгубите од кондиција или форма доколку на вашето тело му дозволите да се одмори неколку дена од вежбање.

Алармантни симптоми (избегнете вежбање)
- Кашлање
- Умор и малаксаност
- Чусвство на студенило
- Мачнина во стомакот
- Болки во мускулите
- Дијареа
- Висока температура/треска
Може ли со прекумерно потење да се победат настинката и грипот?
Кога имате симптоми на грип и настинка, трудот преку вежбање и потење да ја отстраните болеста, може всушност само да ја влоши ситуацијта. Премногу потење може да доведе до дехидратација, и тоа во време кога ви се потребни повеќе течности. Дехидратацијата може да доведе до исушување на слузницата во дишните патишта , што ја влошува состојбата со затнатиот нос и рапавото грло.
Враќање на активностите малку по малку
Кога симптомите ќе исчезнат, полека враќајте се на вообичаените активности со внимание. Почнете полека, за да видите како се чуствувате, и ако телото ви дава позитивни знаци, полека зголемувајте го интензитетот и траењето на вежбањето. Избегнете го враќањето на истото ниво како пред настинката одеднаш. Прилагодувајте го интензитетот на вежбање додека сите симптоми полека не исчезнат.


