Дали сте се запрашале некогаш зошто масно ткиво ви се трупа најмногу на одреден дел од телото? Науката вели дека дистрибуцијата на маснотии е поврзана со одредени здравствени навики. Кога ќе знаете зошто најмногу се дебелеете на стомакот или на колковите, полесно ќе одберете режим на исхрана кој ќе ви помогне да ослабнете. Ова се 5 најкритични делови од телото и како треба да постапите.

 

Горен дел од телото

Масното ткиво најмногу се трупа на стомакот, грбот, рамењата, делот на градите и на рацете, се до лактот. Причината е погрешната исхрана и недостатокот на вежби. Воведете промени во исхраната, кои ќе вклучуваат внесување на 500 до 1000 калории помалку дневно, пет пати дневно вежбање од 30 до 60 минути, а најдобри се кардио вежбите (возење велосипед, брзо одење). Вежбите правете ги со темпо со кое нема да ви биде напорно да разговарате со некој друг. Вклучете и вежби за горниот дел од телото, како што се склекови, стомачни, екстензии и слично.

Ако ви се собира масно ткиво најмногу на стомакот, колковите и задникот, одберете кружни тренинзи и велосипедизам.

 

Делот кај стомакот од папокот и лумбалниот дел од грбот

Се дебелеете најмногу во делот на стомакот, тогаш тоа може да биде знак за претерано работење на хормонот на стрес – кортизолот. Трудете се да се храните здраво, јадете многу влакна, витамини и минерали со комбинирање на вежби кои ќе вклучуваат техники за полесно справување и поднесување на сгтресот, како што се јогата и пилатесот.
Ако стомакот ви е постојано надуен (без присуство на сало на грбот) тоа може да биде последица од потеѓкотии со дишењето или од претерано консумирање алкохол. Намалете ја консумацијата на алкохол или појдете да доктор доколку имате проблеми со дишењето.

 

Делот на стомакот до градите и целиот грб

Тоа е знак дека не сте доволно физички активни и дека се храните лошо, односно ги прескокнувате оброците и се прејадувате. Обидете се да јадете по пет умерени оброци дневно, да јадете помали порции и што повеќе здрава, нискокалорична храна. Покрај тоа бидете и повеќе физички активни, одете, пливајте и изведувајте вежби за грбот и за стомакот.

 

Делот на стомакот, колковите и задникот

Ако најмногу ви се трупа масно ткиво на овој, за многумина жени ,, критичен,, дел, тоа е јасен знак дека не сте доволно физички активни. Фокусирајте се на вежбите за издржливост за долниот дел од телото, а одличен избор ќе бидат и кружните тренинзи и велосипедизмот.

 

Делот на стомакот, задникот и целите нозе

Масното ткиво кое го зафаќа долниот дел од телото, вклучувајќи ги и ножните листови и глуждовите, обично е последица од бременост. Кај овој проблем важат истите совети како и под бр. 4, односно оние за делот на стомакот, колковите и задникот.

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.