Дознајте на што не предупредуваат висината, обем на половината, големината на градникот…

 

1.Дали обемот на половината е поголем од 78 см?

 

За секои 2,54 см преку оваа вредност, ризикот од добивање канцер на дебелото црево се зголемува за 3%. Обемот на половината е исто така добар индикатор за ризик од срцеви заболувања, дијабетес и хипертензија. Намалувањето на обемот преку диети и физичка активност го намалува ризикот од сите споменати заболувања.

 

2. Дали големината на градникот е поголема од 80 д или повеќе?

 

Бројот на градникот е просечен, а корпата Д е наменета за оние жени ои имаат големи, но не и преголеми гради. Сепак, статистиките покажуваат дека жените кои ја имаат оваа големина на градник имаат болки во грбот поради притисокот на рбетот. Во тој случај, помагаат пилатес вежбите со нив се засилуваат мускулите на централниот дел на телото кој дава потпора на рбетот.

 

3. Дали обемот на бутовите е поголем од 58,4 см (и на двете нозе)?

 

Ако е така, тогаш сте изложени на поголем ризик од срцеви боелсти, тврдат експертите. Од друга страна, преслабите бутови можат да укажуваат на недоволно вкупна мускулна маса, што, пак, значи, неадекватно искористување на инсулинот – хормонот кој го претвора шеќерот од крвта во енергија. Тоа го зголемува ризикот од појава на дијабетес, а последично и на срцеви заболувања.

 

4. Дали гледаме јасно подалеку од 20 метри?

 

Застанете на оваа оддалеченост од некој паркиран автомобил. Ако видот ви е нормален, треба јасно да ги видите бројките и буквите на регистрацијата, но ако не можете, задолжително треба да посетите офталмолог. Иако видот порано ви бил совршен, од средината на четириесеттите години тој почнува да наслабнува, било на далечина или одблиску. Токму затоа можено е да ви се потребни диоптриски очила или контактни леќи.

5. Дали сме повисоки од 174 см?

 

Американските научници откриле дека висината поголема од оваа вредност значително го зголемува ризикот од канцер на дојката. Причина? Хормоните за раст можат да предизвикаат зголемување на ткивата на млечните жлезди. Но, не грижете се, туку редовно контролирајте ги дојките.

6. Дали можеме да издржиме 30 секунди вежбајќи планк?

 

Легнете на стомак, лактите и надлактите поставете ги над градите, а потоа подигнете се од подот, оттурнувајќи се со стапалата. Исправете го грбот и задржете се во таа положба 30 секунди. Ако не можете, тогаш тоа значи дека мускулите на централниот дел од телото ви се слаби, што доведува до болки во долниот дел на грбот и лоша рамнотежа. Зајакнете го овој дел од телото со редовни вежби.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина