Шолја чај е веќе долго време омилен начин за опуштање на Англичаните. Но, научниците откриле дека чајот навистина помага во намалувањето на крвниот притисок и спречувањето на болестите на срцето. Пиењето на најмалку три шолји црн чај секој ден навистина може да го намали крвниот притисок, покажуваат истражувањата од Универзитетот во Западна Австралија.

 

На доброволци кои имале нормален до висок крвен притисок им било давано да пијат по три шолји чај дневно. Чаевите содржеле 429 милиграми полифеноли од растенијата. По шест месеци, нивниот крвен притисок паднал помеѓу два до три mmHg – мерка за притисок која се користи во медицината.

Крвниот притисок од 120/80 mmHg до 140/90 mmHg се смета за нормален, додека оној кој надминува 140/90 се смета за зголемен. Ако овој експеримент се примени врз поширока популација, бројот на оние кои имаат висок крвен притисок би можел да се намали за 10%, додека ризикот од болести на срцето би можел да опадне помеѓу 7 и 10%.

– Нашето истражување за првпат покажа дека долготрајното и редовно консумирање црн чај може да доведе до значително понизок крвен притисок кај оние со нормален до зголемен крвен притисок – напишал тимот на чело со доктор Џонатан Ходсон, во списанието Archives of Internal Medicine. Претходните студии сугерирале дека додавањето млеко во чај не влијае врз способноста на телото да ги апсорбира полифенолите.

 

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина