Чистење на цревата по природен пат
Поради денешниот начин на исхрана, на која премногу и недостасуваат хранливи материи, кај луѓето има се повеќе гастроинтестинални проблеми. Голем број од нив не посветуваат речиси никакво внимание на здравјето на дигестивниот систем и на исхраната. Консумирањето здрави намирници и чистењето на цревата по природен пат е многу битно за превенција на болестите и оддржувањето на здрав живот.
Нарушена работа на цревата
Факт е дека неправилната работа на цревата и запекот се причинители за многу тешки болести, со кои општеството денес се почесто се среќава. Докторите по алтернативна медицина сметаат дека неправилното работење на цревата може да предизвика бројни здравствени тегоби: запек, главоболка, алергии, хроничен замор, улцерозен колитис, па дури и рак на цревата.
Неправилната работа на цревата и запекот резултираат со трупање на отпадот и токсините во нашите црева, што првенствено предизвикува абдоминална болка и надуеност, a со тек на време и многу неизлечливи болести.
Работењето на цревата може да биде нарушено поради начинот на работа, кој вклучува често седење, паразити во цревата, бременост, нарушувања на штитната жлезда и консумацијана одредени лекови. Веројатно честопати во животот се прашувате кои се болести ве очекуваат во староста или сте загрижени поради генетските предиспозиции за истите. Би било подобро кога истото тоа време би сте го посветиле на составување на врвно мено кое ќе ве поштеди од дополнителни грижи, бидејќи во пракса ќе спроведувате здрав живот.
Чистење на цревата со исхрана
Во продолжение дознајте со кои природни методи можете да ги исчистите цревата. Во прилог ви оди тоа што можете да уживате во храната, додека таа ја врши валканата, но многу важна работа. Еве некои од нив.
Јаболки
Јаболките се богати со витамини и хранливи материи за кое е веќе познато дека поттикнуваат здрава исхрана. Богати се со пектин, кој делува како средство за згустување внатре во цревата. Кога се зема во тераписки дози, пектинот може да помогне да се искоренат токсините и отпадите во дебелото црево, па на тој начин ја јакне цревната слузница.
За да се подобри работата на цревата, освен јаболки може да се внесат и други јаболкови проиводи како што се природни сокови од јаболки, јаболков оцет и сос од јаболки.
Авокадо
Авокадото е уште една одлична намирница за чистење на цревата, богата со здрави масти. Како и јаболките, и авокадото е богато со влакна, кои ги чистат цревата и ефикасно го намалуваат ризикот од развој на рак на дебелото црево. Исто така, влакната ја апсорбираат водата, што и овозможува на храната полесно да се движи низ дигестивниот тракт.
Чиа семе
Познато е дека чиа семето има многу бенефити врз здравјето, а важи како најбогат извор на омега-3 масни киселини. Исклучително е богато со витамини, минерали и антиоксиданси, а кога се работи за дигестијата, делува така што чисти цревата и воспоставува рамнотежа во дигестијата.
Чиа семето ја зголемуваат апсорпцијата на хранливи материи во организмот и го намалуваат ризикот од болести, а поради своите способности да ги впиваат течностите, ни даваат чувство на полн желудник, што помага при слабеење односно оддржување на здрава телесна тежина.
Ленено семе
Лененото семе исто како и чиа семето е богато со омега-3 масни киселини и влакна, кои се врзуваат за храната и така воспоставуваат рамнотежа во дигестијата. Освен масни киселини и влакна, содржат и многу витамини и минерали, кои ќе помогнат во чистење на дебелото црево.
Зелен зеленчук
Зелениот зеленчук и овошје се богати со хлорифил, понагаат во чистење на цревата, го забавуваат растот на бактериите и делуваат како лек кај болести на дигестивниот систем. Секако би било пожелно да се внесуваат повеќе здрави намирници, а посебно зелено овошје и зеленчук, како што се спанаќот, зелените маслинки, шпарглите, праз, кељ, зелка, целер и блитва.