Четири прагови на болка
За одредување на прагот на болка постои специјален инструмент. Суштината на неговото работење е во постепеното зголемување на силата на струјниот ток, притисокот или загревањето на одреден дел од кожата. Притоа се утврдуваат минималните и максималните показатели на чувствителност и тоа и е интервалот на подносливост.
Според нивото на подносливост, современата медицина не дели на четири типови.
Прв тип – луѓе со најнизок праг на чувствителност. Кај нив категорички се контраиндицирани како физичка болка, така и психичка загриженост. Тие позасилено ги примаат сите непријатни чувства. Кај децата со ваков праг, на пример, пломбирањето на заби треба да се прави само под локална анестезија, а вадењето заб само со тотална опивка.
Кај вториот тип, прагот е низок, но со широк интервал на подносливост. Овие исто така тешко поднесуваат болка, но сепак имаат една предност: способност машки да го поднесат страдањето.
Во третиот тип спаѓаат оние кои имаат висок праг на подносливост на болка и мал интервал на чувствителност – на прв поглед, тие се многу издржливи, но ако болката е само малку посилна – и тие повеќе немаат ,,кредит,, за поднесување.
Во четвртиот тип спаѓаат оние кои имаат висок праг на поднесување болка. Овие луѓе имаат голем интервал на поднесување и слаба чувствителност на болка. Не се плашат од никаква медицинска постапка. Меѓутоа, уште од детството треба вниманието да им се фокусира почесто на страдањето на другите, за да развијат чувствителност. Сепак според нивната конституција тие се пред се рамнодушни на чувствата од оклината и не чувствуваат жал.