Се што треба да знаете за антицелулитната масажа
Масажата е еден од најстарите облици на комуникација. Таа е ефикасна помош при опуштање, помага за ублажување на стресот, ја намалува напнатоста и болките во мускулите, ја олеснува главоболката, помага при проблеми со спиењето, но е и истовремено и еден од најефикасните сојузници во борбата против омразениот целулит. Низ истортијата, неа ја користеле уште старите Египѓани и Кинези, кои уживале во нејзините благодети, а римските и грчките филозофи ја препорачувале по физичка активност поради нејзините окрепувачки својства за зачувување на духот и телото.
Масажата ја поттикнува циркулацијата на крвта, лимфата и енергијата и на тој начин клетките се чистат, негуваат и полнат. Таа ги отстранува отпадните материи од телото, го разградува целулитот и ги доведува во хармонија психата и телото. Сепак, најголемата вредност на масажата е во тоа што организмот се буди и станува способен сам да ги решава своите тегоби, вклучувајќи го и целулитот преку струење на енергијата која се ослободува и која го доведува телото во состојба на природна рамнотежа.
Со поттикнување на циркулацијата накрвта и лимфата, кожата се напнува, со што се зголемува процесот на нејзиното обновување, односно се јакнат колагенските влакна коии даваат на кожата цврстина и еластичност, a порите се оддржуваат отворени. Имено, со ширење на крвните артерии се подобрува циркулацијата на крвта, со што кислородот, антицелулитните препарати и другите хранливи материи побрзо и поефикасно стигаат до сите клетки. Со тоа воедно се воспоставува и подобро работење на лимфниот систем кој ги апсорбира и елиминира штетните материи од организмот. Меѓутоа, за разлика од крвотокот, чија ефикасност зависи од работата на срцето како средишен орган, ефикасноста на лимфниот систем зависи исклучиво од развиеноста на мускулатурата.
Поради тоа е важно да се истакне дека масажата делува позитивно на мускулатурата, бидејќи ја подобрува напнатоста на мускулите, ја враќа подвижноста и обезбедува лачење на штетните материи од организмот.
Масажата исто така исклучително позитивно делува и врз нервниот систем, со оглед на тоа што милиони рецептори во кожата предизвикани од масажата испраќаат сигнали до мозокот, кој реагира со потикнување на лачењето на ендорфин, хормонот на среќата и доброто расположение, поради што масажата ја смирува нервозата и го намалува нивото на штетните (стресни) хормони во организмот. Исто како кога во организмот ќе внесеме одредена количина чоколада.
Конечно, редовната масажа го регулира варењето, бидејќи ја намалува напнатоста предизвикана од стресот. Се забрзуваат процесите на асимилација и елиминација, со што се острануваат проблемите со запек и надуеност.
Целулитот, кој се опишува како ,,кора од портокал,, се лепи на колковите, бедратам задникот, стомакот и на надворешниот дел од надлактот. Насобраниот изглед на кожата потекнува од формираното сврзно ткиво кое ги дели масните клетки во делови. Целулитот настанува како последица од неправилна исхрана, недоволно движење и стрес, а може да настане и како последица од хормонско нарушување.
Антицелулитната масажа е цврста, понекогаш и болна, и е насочена кон ,,разбивање,, на целулитот. Се спроведува со антицелулитно масло со единствена рецептура која здружува повеќе природни масла за нега и одбрани етерични масла кои ја поттикнуваат циркулацијата на кожата, како што е она од бршлен,, лимон, грејпфрут, розино дрво, лаванда и рузмарин, но и она од пченкарни никулци и витамин Е. Овој комплекс од етерични масла помага во разградувањето на маснотиите, ја активира работата на лимфниот систем и го поттикнува отстранувањето на отровите од телото.