Ботоксот со години е вистински хит меѓу жените, но се чини дека и се повеќе мажи сакаат да се “дружат” со ботоксот и да одат ботокс третмани за, верувале или не – тестисите! Овој третман се нарекува скротокс по скротумот, кожната вреќичка во која се сместени тестисите, a мажите му се подложуваат затоа што сакаат да ги намалат брчките на тестисите и да ги направат помазни и поголеми.

Целта понекогаш го оправдува средството, велат тие кои одат на овој третман, бидејќи тој метод се користи и за спречување на прекумерното потење. Корисна нус-појава е поудобен сексуален живот затоа што, како што кажуваат стручњаците, третманот со ботокс ја прават оваа зона кај мажите многу чувствителна.

Доктор Џон Меса, пластичен хирург кој има изведено повеќе вакви третмани над мажите, вели дека постапката е многу едноставна.

– Постапката на вбризгување ботокс во тестисите е релативно многу едноставна. Тоа е почувствителен дел отколку да ставате ботокс, на пример, во лицето. Поради тоа прво се нанесува специјална крема на делот кој треба да се здрви, a потоа се вбризгува ботокс во кожата на тестисите. Тогаш тоа е безболна постапка – нагласува докторот.

Ова би требало на пациентите да им обезбеди “нагласени тестиситри до четири месеци по третманот, a маките на ова ги охрабруваат и уролозите. Оние кои еднаш ќе се подложат на овој третман сакаат да го повторат кога ефектот од ботоксот ќе почне да попушта.

Сепак, ако планирате потомство, не одете на овој третман. Ако тестисите ви изгледаат поголеми, тоа не значи дека ќе бидете и поплодни. Напротив, може да се случи и да го намалите бројот на сперматозоидите.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина