Многу често ситните болки како што се главоболките, тромоста и чуствителноста на мириси не ги сфаќаме сериозно, но токму заради нив не стигнуваме да ги завршиме навреме ниту дневните обврски. Одговорот за тоа како да се ослободиме од нив и која е причината за овие непријатни појави, може да го пронајдеме во вишокот на токсини кои константно ги внесуваме.

Колку често се будите уморни и без енергија за секојдневните работи кои ве чекаат? Адитивите во намирниците, разните хемикалии, инсектициди и хербициди се отрови на кои сме секојдневно изложени на мали количини. Меѓутоа, долгорочното делување може да има поинакви ефекти.

Прочитајте ги следниве седум знакови кои укажуваат на тоа дека во организмот има вишок на токсини и научете како да ги отстраните.

Константен умор

Иако добро спиевте, се трудите некако да го протуркате денот. Ова може да биде знак дека вашето тело се труди да ги исфрли токсините кои сте ги внеле. Како да се изборите со ова? Ако вашиот одговор на ова прашање е повеќе кафе или слатки, во погрешна насока сте. Кофеинот и шеќерот, само ќе го направат вашиот проблем уште поголем, бидејќи со нив уште повеќе ќе ги забавите метаболичките процеси во телото.

Проблеми со килограмите

Не е лесно да го елиминирате вишокот килограми, но дури ако и покрај секојдневното вежбање и внимателно одбраните намирници килажата и понатаму е прекумерна, можеби вашиот проблем е хормонски. Врската со токсините не е секогаш очигледна, но факт е дека прекумерните количини токсини со кои се бори телото може да ја загрози и работата на жлездите. Потребна ви е комплетна детоксикација на телото за да ја вратите природната рамнотежа на хормоните.

Лош здив

Користите мастики за џвакање, внимавате на оралната хигиена, но проблемот со здивот е сеуште тука? Лошиот здив е воглавно знак за проблеми во варењето, но може да биде и знак на тоа дека премногу отрови внесувате во организмот.

detoksikacija-2

Запек

Нашите црева секојдневно доаѓаат во контакт со многу токсини и му помагаат на телото да се избори со нив. Кога имаме проблеми со запек, сите токсини остануваат во дел од дигестивниот тракт што негативно влијае врз цело тело. Болки во главата или други делови од телото, и замор се само некои од последиците на опстипацијата. Ако во вашата храна има премногу хемикалии и пестициди, токсините се неизбежни, а со самото тоа и дополнителни проблеми поради неправилните празнења на дебелото црево.

Чувствителност на мириси

Силна реакција на мирисите, особено парфемите, едноставно значи дека не ви одговараат оние кои ги користите. Сепак, ако станете пречувствителни на сите малку потешки мириси, тогаш не е проблемот во парфемот, туку во вишокот на токсини, кој се акумулира во телото. Доколку почувствувате и главоболка веднаш штом почувствувате некој посилен мирис, речиси е сигурно дека токсините се причина за вашиот проблем.

Болки во мускулите

Доколку не можете да ги повторите вежбите кои сте ги правеле вчера, размислете повторно дали можеби причина се токсините во телото. Ова е особено точно доколку се јавуваат болки во мускулите, иако вие не правите никакви посебни напори.

Промени на кожата

Акните, митесерите и другите проблеми кои се јавуваат на кожата се знак дека организмот е полн со штетни материи. Акните може да се појават и заради некој препарат кој се нанесуваме, додека егземата и псоријазата покажуваат дека организмот тешко се бори со токсините.

Доколку страдате од некој од наведените симптоми, прочитајте ги следниве чекори кои можат да ви помогнат:

1. Пијте чај од глуварче, магдонос, коријандер.

2.Пијте многу вода – тоа ќе ви помогне во исфрлање на токсините од телото

3.Вежбајте најмалку 30 минути дневно. Вежбањето ја подобрува циркулацијата и помага да се исфрлат штетните материи од телото.

4. Потрудете се во вашата исхрана да има доволно пробиотици, што значи јогурт, кефир, комбуха чај….

5. Секогаш измијте го и јазикот додека ги миете забите

6.Вежбајте длабоко дишење – секојдневно внесуваме многу токсини преку белите дробови

7.Користете само природни производи за кожата кои не содржат парфем, сулфати, парабени и други токсични материи.

8.Органската храна е најздрава, затоа јадете ја секогаш кога ќе имате прилика за тоа.