Заморот и ненаспаноста е многу тешко да се ,,измерат,,. Ако некој тврди дека е уморен поради прекумерно работење, никако не можеме да го одредиме временскиот рок кога ќе му помине тоа. Поради тоа многу често се јавуваат несакани симптоми, па и болести, кои се исход од токму честото чувство на замор.

Ан Капола, водич на истражувањето на Универзитетот во Пенсилванија, на одделот за ендокринологија, дијабетес и метаболизам, објаснува дека е многу тешко да се измери заморот, бидејќи некои ја опишуваат оваа состојба како да не може да наспие, други дека не можат да вежбаат како порано. Докторите истакнуваат дека освен физички постои и емоционален и психолошки замор.

Луѓето честопати го потценуваат психолошкиот стрес и ниските нивои на енергија, но штом еднаш ќе помине стресот, сфаќаат колку многу ги исцрпело сето тоа – нагласува Капола.

Магливи мисли и болки се некои од симптомит на хроничниот замор

Ако секоја дневна задача – од будењето, одењето на работа до вежбањето – станува напорен, речиси неиздржлив, можеби се работи за симптомот на хроничен замор. Стручњаците сметаат дека оваа состојба може да е поврзана со некои воспаленија кои имаат побегнато од контрола.

Внимавајте доколку глвоболките се проселдеи со замор и вртоглавица

Ако често сте уморни, иако добро спиете, немате енергија за извршување на скојдневните обврски и чувствувате чести промени на расположението, тогаш можно е да страдате од анемија. Анемијата е состојба во која крвта нема доволно здрави црвени крвни зрнца, кои го пренесуваат кислородот до клетките. Има повеќе видови анемии, но кај сите меѓу симптомите на болеста се јавува замор. Го предзивикува недостигот на железо, грозје и витамин Б12, долготраен тежок животен период или полипи. Освен замор, други симптоми на анемијата се бледо лице, кршливи нокти, срцебиење, вртоглавица и главоболки.

Дехидрацијата и честото мокрење предизвикуваат замор

Освен огромното чувство на глад и безволност, заморот е честопати еден од првите симптоми за дијабетес. Заморот може да биде предизвикан и од дехидратација поради често мокрење и неспособност на телото да работи правилно, бидејќи помалку може да го користи шеќерот за енергија. Телото се бори да го урамнотежи нивото на гликоза во крвта и тоа може да доведе до исцрпеност.

Не го прескокнувајте појадокот и одбегнувајте брза храна

Со промената на исхраната, животните навики и земањето лекови ќе го подобрите здравјето и ќе го остраните заморот. Храната е горивото на телото, па затоа не го прескокнувајте појадокот и одбегнувајте тешка и браза храна. Јадете зеленчук и намирници богати со протеини.

Ако на заморот му се приклучат следниве симптоми, обратете се на доктор, бидејќи е можно да имаат ,,замешано прстиследниве болести:

Депресија

Депресијата е мозочно нарушување кое е проследено со лошо расположение и замор, кој оневозможува било какво работење. Биологиата на депресијата не е многу позната, па затоа и на стручњаците им е тешко точно да кажат која е причината. Но, заморот поврзан со депресија може толку многу да онеспособи, што луѓето тешко го напуштаат домот и немаат енергија за извршување на дневните задачи.

Ендокардитис

Тоа е инфекција или воспаление на срцето кое настанува поради бактерии во крвта, кои се врзуваат за внатрешните делови на срцето. Оние кои имаат оштетувања на срцето или оние со вродени срцеви залисци најмногу се изложени на ризикот.

Апнеа

Поради тесни или блокирани дишни патишта ова нарушување се покажува како плитко дишење или како подолг застој во дишењето за време на спиењето. Овие прекини можат да траат до една минута и имаат тенденција да завршат со кашлица. Иако состојбата не е опасна по живот, го нарушува мирниот сон на оние кои патат од неа, што остава чувство на замор во текот на денот.

 

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина