Не дека инаку мириса на рози, но ако урината ви има поинаков мирис од вообичаено, еве што би можело да значи тоа.

Дехидрирани сте

Да, ако не пиете доволно вода, урината ќе ви мириса чудно. Кога телото дехидрира, урината има многу силна миризба и потемна боја. На тој начин телото се обидува да не ,,потсети,, дека му е потребна вода. Не чекајте ,,миризливата,, урина да ве потсети, пијте вода!

Сте изеле нешто ,,чудно,,

 

Прокељот, лукот, одделните зачини, лососот, алкохолот, па дури и кафето, можат да го променат мирисот на урината. Исто така, премногу сол во организмот може да ја зголемат концентрацијата на урината, поради што ќе има посилен мирис од вообичаено.

 

Можеби имате инфекција на уринарниот тракт

 

Најчести причини за невообичаениот мирис на урината кај жените е инфекција на уринарниот тракт, велат гинеколозите. Тие објаснуваат дека во тој случај урината најчесто има силен мисирс на амонијак или лесен ,,сладок,, мирис,,. Виновник за таквиот мирис е бактеријата која ја предизвикува инфекцијата. При инфекција на уринарниот тракт урината најчесто има матна боја, а понекогаш се појавуваат малку и траги од крв при мокрењето. Покрај тоа, имате чувство дека мора да мокрите, а всушност не можете и се јавува пецкање.

 

Дијабетесот ,,демне,,

 

Еден од првите симптоми за дијабетес е зачестеното мокрење. Тогаш урината има ,,овошен,, мирис, поради вишокот на шеќер кој го излачуваат бубрезите. Ако мокрите почесто од вообичаено, проверете го нивото на шеќер во крвта.

Имате габична инфекција

 

Габичните инфекции предизвикуваат невообичаена миризба на урината поради дисбалансот на вагиналните бактерии. Покрај тоа се појавува и чешање.

Овулирате

 

Хормоните кои се активни во периодот на овулација можат да го промнот мирисот на урината. Од друга страна, овие хормони така влијаат на телото што, дури и ако не е засилена миризбата на урината, поизразено е вашето сетило за мирис, па повеќе ќе го чувствувате мирисот на амонијак во урината.

 

Можеби сте бремени

 

Хормонските промени кои се јавуваат при бременоста, посебно во првите три месеци, можат да ја променат миризбата на урината. Тогаш урината има силен мириз поради хормоните кои телото ги произведува за време на бременоста.

 

Можеби имате полова болест

 

Некои полови болести можат драстично да го променат мирисот на урината. Хламидијата е најголемиот ,,виновник,,, исто како и трихомонијазата, сексуално пренослив паразит. Доколку се посомневате дека имате полова болест, веднаш мора да појдете на доктор. Овие болести често немаат никакви или имаат лесни симптоми, па не чекајте нешто да се искомплицира.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина