Заземете го местото во кујната, бидете свој кулинарски гуру.Готвењето е повторно во мода,не само затоа што љубовта доаѓа од желудникот туку затоа што е најлесниот начин на комбинирање различни мениа со прекрасна храна, а притоа контролирајќи ги внесените калории.

Потсвесно сите знаеме дека за одлуката за промена на лошите навики во исхраната е многу важно,бидејќи на почетокот на секоја година се обидуваме да ги спроведеме.Најчесто сите остануваат само на обидот.Причините се бројни,но би издвоиле неколку- погрешни верувања за здравата исхрана и психолошкиот аспект на тие промени.

Здравата исхрана не мора да биде скапа, не мора да биде комплицирана, не бара премногу потрошено време и не вклучува  силно изгладнување. Во прилог на предрасудите за здрави навики во исхраната, голема улога игра и страв од промени и прифаќање на својот потенцијал.Немојте само да замавнете со раката, бидејќи веќе размислувате за број на луѓе кои се откажуваат од промените во исхраната, бидејќи “телесната маса и не е многу голема”, “неможам да си помогнам”,”не сум јас за ова “ и слични немотивирачки мисли кои не подржуваат промени.

Ако за ништо друго,промените во исхраната би требало да се извршат порадо здравствени причини.Една од болестите кои значително може да се спречи со промена на исхраната и животните навики е рак.Без оглед на неодамна објавени истражувања кои укажуваат на тоа дека ракот е прашање на лоша среќа, тоа може со сигурност да каже дека третиот најчест тип на рак може да се спречи со поздрава исхрана, одржување на идеална телесна тежина и редовно вежбање.

Многу истражувања се објавени на оваа тема во последната деценија, но она што е заклучок од  2015 година е прикажано овде, во 6 точки на кои сигурно ќе треба да се фокусирате во 2016 година.

Целокупниот облик на храната

Вкупниот облик на храната е поефикасен од збирот на активностите на нејзините поединечни делови.И брокулата, кељот,аронијата и лукот, се се тоа намирници кои се одлични антиоксиданси, но нема потреба да се грижите доколку за ручек пропуштите да јадете брокула ниту отсуството на елиминирање на сите “непожелни состојки” од исхраната.Првата цел во 2015 година, според тоа е да цело време се трудите да јадете многу овошје, зеленчук, житарици и мешунки, аво исто време да го ограничите внесот на алкохол, црвено месо, слатки.

hrana-vodic2

 

Избор на најдобра диета

Најдобра диета за вас е онаа која што можете да ја спроведете.Некој може без месо, некој без тестенини и компири,некој може да јаде секогаш готвено,некој може цел ден да биде на овошје.Прашањето е што најмногу ви одговара? Минатата година на истражувањата се спроведуваше ефектот на губење на килограми од различни диети за слабеење.Еднаков губиток на килограми остварија сите испитаници кои успеаа да издржат диета за една година без разлика на видот на диетата. Втора цел- не сппроведувајте диета само затоа што другите ја фалат,туку со помош на нутриционист да одредите неколку мерки со кои ќе се намали внесот на енергија, а притоа на вас ќе ви биде прифатливо да ја изведете.

Готвењето ја подобрува исхраната

Готвењето е IN. Впрочем не се кажува без причина- љубовта доаѓа од стомакот.Истражувањата покажуваат дека луѓето кои готват дома јадат помалку калории отколку оние кои јадат надвор.Покрај тоа откриваат дека луѓето кои готват дома внесуваат помалку рафинирани јаглехидрати и масти од оние кои не го практикуваат тоа.Трета цел- побарајте совети околу готвењето, гответе барем еден оброк дневно и во текот на неделата направете јадење кое нема намирница од животинско потекло.

Намалете го хроничното воспаление

Со години веќе се зборува за штетата предизвикана од слободните радикали и антиоксиданси кои ги спречуваат во тоа.При тоа е важно да се спомене дека дебелината е главен фактор за хроничните воспаленија.Здрават исхрана може да ги намали воспаленијата како што нездрават храна, некои лекови и седечкиот начин на живот може да ги зголемат.Четвртат цел –да се јаде што е можно поразновидна храна,се да се консумира во умерени количини и да се одржува телесната тежина.

Покажете им на децата што треба да јадат

Децата се нашата иднина,така што треба да ги учиме за здравата исхрана и нејзините предности.Навиките кои тие ќе ги стекнат за здравата храна, најчесто ги пратат се до староста.Повеќето дебели деца, ќе останат дебели и во староста, со зголемен ризик од хронични заболувања.Петта цел- понудете им на децата различни врсти на овошје и зеленчук, цели зрна и мешунки,бидете упорни покажувајќи им како и на вас ви се допаѓа здравата храна.

Во здраво тело секогаш ќе има здрав дух

Затоа вежбајте го и телото и умот.Секој саат поминат седејќи на троседот или на работа,го зголемува ризикот од појава на рак на дебелото црево,ендометрумот и белите дробови.Секое шетање е добро,од одење кога разговарате до одење во теретана.Со вежбање на дишењето и медитација,обидете се да ја ублажите менталната и физичка напнатост барем неколку минути на ден.Шеста цел-посоветувајте се со фитнес инструктор или убедете ги колегите на кратка пауза,освен придобивки за здравјето ќе добиете и доза на смеа која ќе биде ваша мотивација за остатокот од работата.

 

Eripuit oporteat patrioque vel ne. Albucius voluptatum eu vel. Sea nisl voluptaria sententiae et, eum autem fuisset definitionem no. Id paulo dicam postea nam, quo regione facilisi aliquando cu. Ad aeque reformidans mediocritatem vim.