Оваа појава на пенисот многу загрижува и плаши, но всушност се работи за сосема нормална и безопасна појава која се појавува кај секој трет маж. Мажите најчесто се чувствителни и плашливи кога се работи за било каква промена на половиот орган, прво затоа што малку им е непријатно на докторот да му изнесуваат проблеми од таков вид, а второ затоа што пенисот е симбол на машката моќ и сила.

Бисерните папули на пенисот или на тестисите се исклучително мали, со големина оризово зрно бело-жолти испапчени точки и се нормална варјација на изгледот на кожата. Површината им е мазна, малку подигната од околната кожа, и се во облик на нитни или купола. Се јавуваат на главата од пенисот, во круг околу неговиот ран, во неколку редови.

Мажите помлади од 30 години повеќе се изложени на овие бисерни папули, но со годините нивниот број се намалува, па дури и сосема исчезнува. Тие не се полова болест, не предизвикуваат некоја друга болест и не можат да се претворат во тумор. Не бараат апсолутно никакво лекување (третирање). Ако постојат симптоми на болка, чешање, црвенило и слично, тогаш не се работи за бисерни папули, туку за друга болест, за која треба да се побара лекарска помош.

Бисерните папули не смеат да се отстрануваат, дури ни под стручно водство на доктор/дерматолог. Постои третман за нивно отстранување, но не е ни малку пријатен ниту безопасен, а посоти голема веројатност (повеќе од 95%) бисерните папули повторно да се појават на истото место со еднаков интензитет.

Вљубеничка во здравата исхрана и науката, сака да чита литература од разни жанрови и обожава медицина